fbpx

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како се ближел денот на изборите

-

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на Парламентарното собрание на Советот на Европа за првиот круг од претседателските избори што се одржаа вчера.

Шефицата на набљудувачката Мисија на ОБСЕ/ОДИХР Џилијан Стирк денеска рече дека целиот изборен процес го оценуваат од повеќе аспекти, почнувајќи од законската рамка, па до изборната администрација, како и прашања поврзани со финансирањето на кампањата и улогата на медиумите.

„Додека Северна Македонија има разновиден медиумски пејзаж и слободата на медиумите генерално се почитува, онлајн медиумите во голема мера се нерегулирани, што ја нагласува потребата од дополнителни реформи. Јавниот радиодифузен сервис ги покриваше сите претседателски кандидати во согласност со законските услови, а приватните медиуми презентираа соодветни информации за претседателските кандидати во целина. Сепак, се чини дека значителен број онлајн портали за вести се создадени со единствена цел да добиваат државни средства за време на изборните кампањи и, во некои случаи, да ги канализираат овие средства кон политичките партии“, стои во оценката на ОДИХР и Стразбур.

Според нив, гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како се ближел денот на изборите. Набљудувачите забележале дека финансиските срeдства обезбедени од државата за кампањата создале предност за одредени политички партии, со генерална забелешка дека во изборното законодавство има многу празнини и неконзистентности што оставаaт простор за мешање на политичките партии и добивањето несразмерно поголем пристап до медиумскиот простор и до средствата.

„Сè понегативната реторика беше за жалење и одразуваше поширока политичка фрагментација и етничка поделба. Во исто време, празнините во изборниот закон и избрзаното одобрување на законските измени не ја решија долгогодишната потреба од законски реформи. Потребна е поголема политичка волја за да се надминат овие недостатоци“, рече Стирк.

Претседателските избори во Македонија ги набљудуваа 234 набљудувачи од 33 земји, составени од 216 експерти на ОДИХР и 18 експерти на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Нивниот конечен извештај, заедно со препораките, ќе биде готов за неколку месеци.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...