„Гордата Гордана“ не можела да му се спротивстави на Мицкоски

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува од неа јавно да му се спротивстави на Мицкоски, кој пак, по двојните избори на 8 мај, можеби ќе стане премиер. Ова изненадува дотолку повеќе што Сиљановска себеси се претставува како горда личност, голем индивидуалец

-

Сиљановска-Давкова е претседателски кандидат, а за неколку дена ќе се знае дали ќе биде идниот претседател на државата. Затоа е чудно што онака ноншалантно кажува да не се очекува од неа јавно да му се спротивстави на Мицкоски, кој пак, по двојните избори на 8 мај, можеби ќе стане премиер. Ова изненадува дотолку повеќе што Сиљановска себеси се претставува како горда личност, голем индивидуалец. „Гордата Гордана“ со полна уста говори за авторитет, за самопочит, достоинство и, постојано нагласува дека и сега во кампањата и претходно во парламентот, настапува независно и со цврсти ставови, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Kандидатката за претседател, предложена од ВМРО-ДПМНЕ,  Гордана Сиљановска-Давкова во текот на дебатата на ТВ Телма, прашана за калкулациите со гласови кои ги прави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во пресрет на вториот круг од претседателските избори, го даде следниот коментар:

Не очекувајте јавно да му се спротивставам на господинот Мицкоски. Тој е лидер на политичка партија. Тие разговараат и преговараат, а граѓаните гласаат.

[Извор: Претседателски дуел на ТВ Телма; 24 инфо,мк:  датум – 01.05.2024]

Образложение:

Ваквата изјава на претседателската кандидатка Гордана Сиљановска-Давкова, во која таа му вели на нејзиниот противкандидат, Стево Пендраовски,  да не очекува јавно да му се спротивстави на господинот Мицкоски, бидејќи тој е лидер на партија“, е недоследна. Сиљановска-Давкова, всушност му реплицираше на Пендаровски, кој ѝ забележа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ прави партиски пазари за гласовите на претседателките кандидатите кои отпаднаа во првиот круг.

Чудно е како Сиљановска-Давкова отворено кажува дека не може да му се спротивстави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, независно што е во прашање претседателот на партијата што ја кандидираше. Таа е претседателски кандидат, за неколку дена ќе се знае дали ќе биде и идниот претседател на државата. Затоа и изненадува што онака ноншалантно си кажува да не се очекува од неа јавно да му се спротивстави на претседателот на најголемата опозициска партија, кој пак, по двојните избори на 8 мај можеби ќе стане премиер.

Дотолку повеќе што Сиљановска-Давкова себеси се претставува како горда личност, голем индивидуалец. „Гордата Гордана“ со полна уста говори за авторитет, за самопочит, достоинство и, постојано нагласува дека и сега во кампањата и претходно во парламентот, настапува независно и со цврсти ставови.

И нејзината изборна Платформа  е насловена „Македонија повторно горда“, а со истиот овој слоган излегува на изборните реклами, билбордите и ги повикува  граѓаните да ја изберат за претседател.

Во Платформата (стр.10) таа им ветува на граѓаните дека како претседателка:

  • ќе ја почитувам поделбата на власта и нема да дозволам нејзино апсолутизирање од кого било;

  • ќе соработувам со Владата, но нема да бидам послушна, туку самостојна и критичка глава на извршната власт;

Арно ама, нејасно е како ќе го реализира ова, ако не смее да му се спротивстави на Мицкоски, кој сега е лидер на најголемата опозициска партија, но по изборите можеби ќе биде премиер? Како да ѝ веруваме на Сиљановска-Давкова дека нема да биде послушна и дека нема беспоговорно да ги прифаќа ставовите на Владата? И, во една таква претпоставена ситуација, дали „гордата Гордана“ ќе има храброст да му каже „не“ на Мицкоски, кога нема да се согласува со неговите ставови?

 

Пишува: Оливера Војновска

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Британски фирми со домашни подизведувачи ќе ја градат пругата од Коридорот 10, за пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра

Од помпезно најавените шест милијарди евра „инвестициски бум“ како дел од договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, во првите пет години ќе се повлечат 2,2 милијарди евра или околу една...

Опожарени три автомобили во Битола

Ноќеска, половина час по полноќ било пријавено дека се опожарени три автомобили паркирани пред колективна зграда на улицата „Леринска“ во Битола. Огнот најпрво избувнал во „тојота“, потоа зафатил уште две возила...

Матурант пронајден починат во нива во Струмица

На 19 мај во 12.05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место викано Крива река во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, потврдуваат од СВР...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува...