среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: проверка на факти | 1.485 резултати

ЕУ не промовира сатанистички вредности и не е водена од „длабоката држава“

13 декември 2025

Во објавата е карактеристичен анти-ЕУ ставот проследен со наратив на омраза. Европската Унија наспроти изнесеното, е стратешки партнер на С.Македонија која дава континуирана поддршка на нашата земја. ЕУ ѝ обезбедува на С. Македонија постојана поддршка и финансиска помош во процесот на спроведување на реформите неопходни за членство

„Безбеден град“ ги воскресна теориите на заговор за контрола на луѓето

13 декември 2025

Објавата на почетокот тврди дека со воведувањето на системот „Безбеден град“ (Сејф сити) се прави обид за вовед на кинескиот социјален кредитен систем, што не е точно. Системот „Безбеден град“, како што претходно веќе пишуваше Вистиномер, не служи за следење на граѓаните, туку за поголема ефикасност, транспарентност и законито постапување. Дигиталната трансформација е механизам за подобра заштита на граѓаните, а не закана за нивната слобода

Од Смедеревката, преку Рама на чело на НАТО до хеликоптерот на Цеца – на Балканот ѓаволот ја однел шегата

5 декември 2025

Интересни, емоционални и лесни информации. Неодоливи шеговити вести за лековерната публика, но и за поголемиот дел од медиумите, откриваат сериозна ранливост, но и механизми за ширење многу поопасни дезинформации

Великосрпска пропаганда и псевдоисторија на Зебрњак крај Куманово

12 ноември 2025

Делегации на Србија кај нас одбележуваат настани од нејзината историја како Кумановската битка (23.10.1912 г.), која била дел од великосрпското заземање на Вардарска Македонија и притоа пласираат пропаганда и псевдоисторија, а гостин на тие одбележувања е рускиот амбасадор во земјава, кој исто така има давано такви изјави. Парадоксално, кај нас тогаш се одбележува сосема спротивен празник – основањето на историската ВМРО (23.10.1893 г.), но Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не реагира на тие провокации, а нејзиниот вицепремиер Иван Стоилковиќ е близок со српските националистички кругови и со Москва

Анти-ЕУ наративите носат неточни епитети за фашизам и нацизам

26 октомври 2025

Наративот кој ги прикажува ЕУ и НАТО како „нацисти“ или „фашисти“ е присутен веќе подолго време, особено во руската и проруската пропаганда, пишува Вистиномер. По 2014 година и анексијата на Крим, овој наратив значително се засили. Руските државни медиуми почнаа масовно да тврдат дека западните земји го поддржуваат „неонацистичкиот режим во Киев“. Од тој момент […]

Кликбејт објава манипулира со непостоечки „необјавени снимки“ од пожарот во Кочани

17 октомври 2025

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: НОВИ НЕОБЈАВЕНИ СНИМКИ: Од пожарот во дискотеката во Кочани – повеќе на линкот во коментар Во склоп на коментарите, има линк кој наместо до некакви нови необјавени снимки од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, води кон надворешни линкови кои се комплетно неповрзани со настанот. Конкретниот линк, воопшто не води […]

„Спорт вижн“ не продава ранец од брендот „North face“ за 145 денари

12 октомври 2025

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: „Се отпуштивме од Sport Vision вчера. Затоа што одбив да работам туѓа работа за џабе. Искрено, ми се доста! Па затоа сега ќе споделам нешто со вас што само вработените во продавниците требаше да го знаат. Повеќето луѓе немаат поим, но вие всушност можете да добиете ранец од The North Face […]

Видеото од претседателката Силјановска-Давкова е креирано со вештачка интелигенција

5 август 2025

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видеоматеријал и пишува: „Честитки по повод 2 август, Митровден.“ Во склоп на објавата се споделува видеоматеријал на кој се прави обид да се прикаже дека се наоѓа претседателката на Северна Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. На видео материјалот се слуша глас кој вели: „Им го честитам 2 Август Митровден, на сите граѓани […]

МВР ги информира граѓаните за лажна објава на социјалните мрежи по рецензиjата на Вистиномер

23 јули 2025

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во последните денови актуелна е лажна објава на социјалните мрежи во која се тврди дека некои малоплодажни компании за техника наводно нудат модерни телефонски уреди преку „внатрешна програма“ поради оштетена амбалажа. Според МВР станува збор за измама со цел да се привлечат граѓаните да кликнат на сомнителни […]

Забраната за шетање во шуми не е дел од никаква агенда, туку се воведува поради превенирање на пожари

19 јули 2025

Анализираме објава на социјалната мрежа Фејсбук која вели: Ова мерките на Северна вукојебина за забрана за шетање по планините личи на агендата 2030 а народот овца не се буни. Забраната за шетање во шуми не е ништо ново и таа се спроведува години наназад со цел превенција од пожари во летниот период. Оваа забрана нема никаква врска со некакви […]

ЕУ поддржува демократија, а не фашизам

6 јули 2025

Навредлива објава се обидува да ја дискредитира Европската Унија како „фашистичка“, но нејзините демократски процеси, развиена борба за човековите права и слободи, економските модели, промоцијата на културните и идентитетските различности, политиките на застапеност и борба против антисемитизмот, покажуваат дека ЕУ е демократија, пренесува Вистиномер. Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува: Марта Кос да ни го јадеш […]

Фотографија креирана со вештачка интелигенција се шири во контекст на конфликтот Иран-Израел

19 јуни 2025

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија и пишува: хазаро/американската “железна купола” Фотографијата што е споделена во објавата е генерирана со вештачка интелигенција (ВИ) и не претставува вистинска фотографија од воздушен напад од Иран кон Израел и пробивање на „железната купола“.  Израелската канцеларија за економија и култура во Тајпеј изјави дека немало сериозен пожар во […]

НАТО нема врска со украинската операција во која се уништени руски бомбардери, а не нуклеарно оружје

7 јуни 2025

Украина нападот го подготвувала година и пол и го извршила самостојно. Во операцијата не бил вклучен никој друг, а најмалку НАТО земји, како што тврди објавата, па оттука и не може да се каже дека НАТО е сега во војна со Русија. Исто така, во украинскиот напад не било уништено никакво нуклеарно оружје, туку се […]

Кои дезинформациски наративи нè очекуваат наскоро – Disinfo Radar: Watch and Warn

6 јуни 2025

Дезинформациите претставуваат постојан предизвик во Западен Балкан, каде што различни кампањи често се насочени кон клучни настани со цел да ги продлабочат поделбите, да ја поткопаат довербата во демократските институции и да ја разнишаат поддршката за евроатлантската интеграција. Во најновото издание на месечниот билтен „Disinfo Radar: Watch and Warn“, ги издвојуваме некои од очекуваните клучни настани што […]

Лакмус: Новиот закон за „транспарентност“ во Унгарија може да ја загрози независната медиумска и граѓанска сцена

29 мај 2025

Можно ли е во земја-членка на Европската Унија владата да ги отсече независните медиуми и граѓанските организации од средствата потребни за нивно функционирање само поради тоа што нивните ставови или известување не ѝ се допаѓа? Ова прашање го постави унгарската платформа за проверка на факти Лакмус откако во унгарскиот парламент беше поднесен предлог-закон кој тие […]

Сè уште не е изграден ветениот кружен тек во Ѓорче Петров

22 мај 2025

Факт е дека Град Скопје и Општина Ѓорче Петров имаа три и пол години  да го изградат кружниот тек меѓу улиците „Ѓорче Петров“ и „Македонска војска“. Дури и под претпоставка сега да отпочнат активности за негова изградба, речиси е невозможно ова предизборно ветување да се реализира до крајот на мандатите на Арсовска и Стојкоски, пишува […]

Не е точно дека само фашисти нема да присуствуваат на парадата во Москва на 9 Мај

27 април 2025

Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми контролирани од државата тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти, или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро документирани во базата на податоци EUvsDisinfo од 2015 година. Таму, на пример, се тврди дека Молдавија е управувана од фашисти, а, исто така, и […]

Фотографијата со уапсениот Пикачу во Турција е креирана со вештачка интелигенција

3 април 2025

После виралната и вистинска снимка од личност облечена во костум на Пикачу која бега од полицијата во текот на протестот во Турција, на социјалните мрежи се појави и наводна фотографија каде полицијата го апси Пикачу, додека на земјата лежи Бетмен. Но, оваа фотографија што се појави и во Северна Македонија, е креирана со вештачка интелигенција […]

Успехот во борбата со дезинформациите зависи од сеопфатен пристап на целото општество

3 април 2025

На сесијата „Демократијата во ризик: проверка на факти и модерација на содржини на социјалните медиуми — соочувуање со предизвици преку создавање погодна средина“ се расправаше за состојбата со проверката на факти во државите од Западниот Балкан. Јона Плумби, од организацијата за проверка на факти Фактоје, истакна дека Албанија е особено ранлива на дезинформации. „Не сме подготвени […]

Итно усогласување на регулаторната рамка на Балканот со Законот за дигитални услуги – клучно за борбата против дезинформациите

2 април 2025

Недостигот од правни и институционални механизми за заштита на дигиталниот простор на Балканот го прави регионот ранлив на манипулации, дезинформации и странски влијанија. Додека Европската Унија со Законот за дигитални услуги (ДСА) воспоставува јасни правила за поголема транспарентност и одговорност на онлајн платформите, земјите од регионот сè уште немаат слична регулаторна рамка. Kолективната борба против […]

Страна 1 од 75