fbpx

Руски беспилотни летала повредија 6 лица во украинските региони Харков и Днепар

Гувернерот Олех Синехубов, на Телеграм објави дека 13-годишно дете и една жена се однесени во болница. На лице место е укажана помош на уште две жени. Службите за итни случаи го ставија пожарот под контрола, додаде тој

-

Русија изврши напад со беспилотни летала во текот на ноќта врз украинските региони Харков и Днепро, при што беа повредени најмалку шест лица и беше погодена критична инфраструктура, комерцијални и станбени згради, соопштија регионалните власти, а пренесе Ројтерс.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека руските сили лансирале 13 беспилотни летала Шахед насочени кон регионите во североисточниот и центарот на земјата.

„Единиците за воздушна одбрана ги соборија сите беспилотни летала“, објави командантот на воздухопловните сили.

Сепак, остатоците од соборените беспилотни летала погодија цивилни цели во Харков на североисток, при што беа повредени четири лица и предизвикаа пожар во деловна зграда, рече регионалниот гувернер.

Гувернерот Олех Синехубов, на Телеграм објави дека 13-годишно дете и една жена се однесени во болница. На лице место е укажана помош на уште две жени. Службите за итни случаи го ставија пожарот под контрола, додаде тој.

Во индустриската област Дњепропетровск две лица се ранети, изјави Серхиј Лисак, регионален гувернер. Тој рече дека е оштетен објект од критична инфраструктура и три куќи.

ИзворРојтерс

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...