fbpx

Полуматуранти од Подгорица славеле со факели, па го запалиле кровот на училиштето

Палењето факели требаше да биде надвор, изјавила директорката Милиќ

-

Полуматуранти од основното училиште „Владо Милиќ“ во Подгорица го запалија училишниот покрив за време на церемонијата која ја имале со палење факели, по повод завршувањето на школувањето, пренесе „Н1“.

Директорката Ивана Милиќ информира дека нема повредени, а на терен имало пожарникари и полиција.

„Штетата допрва ќе се утврдува“, кусо искоментирала Милиќ.

Таа рекла дека палењето факели било најавено и за тоа била известена полицијата.

„Но, се чини дека не се договоривме. Палењето факели требаше да биде надвор“, рекла Милиќ.

Како што пренесува „Вјести“, таа знаела дека децата традиционално слават секоја година и се натпреваруваат на социјалните мрежи за да видат кој има подобар факел и чие славење ќе биде подобро.

„Прво, треба да почнете од луѓето кои им ги продадоа тие факели и пиротехнички средства на децата“, рекла Милиќ, додавајќи дека штом ги видела со факели, повикала полиција.

„Ќе видиме што ќе правиме со воспитните мерки, бидејќи тие сè уште се ученици на нашето училиште“, додала таа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...