недела, 14 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: подгорица | 13 резултати

Во Подгорица уапсени црногорски државјани осомничени дека работеле за руското разузнавање

29 септември 2022

Неколку државјани на Црна Гора се утрово уапсени во главниот град Подгорица под сомнеж дека работеле за разузнавачката служба на Русија, јавува црногорскиот весник „Вијести“ на својата веб-страница, повикувајќи се на повеќе извори. Според сознанијата на „Вијести“, акцијата ја водела Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а била извршена по налог на Специјалното државно обвинителство. Според […]

Во Подгорица тече хуманитарна акција за помош на граѓаните на Украина

6 март 2022

Во центарот на Подгорица, главниот град на Црна Гора, веќе неколку дена е поставен шатор во кој се собира хуманитарна помош за граѓаните на Украина настрадани од руската инвазија. Хуманитарната акција започна од 2 март во организација на локалната самоуправа, од каде изјавиле дека се координираат и со дипломатскиот кор за тоа каква помош е […]

Регионален индекс: Македонија со најотворени институции во регионот кој се затвора

4 октомври 2018

Загрижува тенденцијата за паѓање на отвореноста во Црна Гора и во регионот, а македонската влада е најтранспарентната од владите во регионот, беше одбележано на конференцијата на тема „Отвореност на институциите на извршната власт во Црна Гора и регионот“, која се одржа во Подгорица. Конференцијата, по повод Меѓународниот ден за заштита на правото на слободен пристап […]

Пожари на потегот од Бар до Никшиќ, НАТО и ЕУ ќе испратат помош

18 јули 2017

Голем број шумски пожари ја зафатија Црна Гора, слично како во соседна Хрватска, а најголем проблем во моментот е пожарот на полуостровот Луштица кај Тиват, каде ако ветерот продолжи да дува, ќе го донесе огнот до куќите. НАТО вети помош за справувањето со пожарите и се очекува таа да стигне денеска. Црна Гора побара меѓународна помош вчера. […]

Пожари во Подгорица, пламенот висок десетици метри

16 јули 2017

Голем шумски пожар изби денеска попладне кај трговскиот центар „Делта“, во главниот град на Црна Гора, Подгорица, а пожарникарите се обидуваа да ги заштитат куќите од огнот, чии пламења достигнуваа и до неколку десетици метри во височина. Набргу голем пожар се прошири и кај Тутунскиот комбинат, а огнот се закануваше да зафати неколку куќи. Ситуацијата е […]

Македонија, кодомаќин на средба со потпретседателот на САД

4 јули 2017

Македонија ќе биде кодомаќин на средбата на потпретседателот на САД, Мајк Пенс, со земјите членки на Јадранска повелба, која ќе се одржи на  2 август во Подгорица. Република Македонија која е претседавач на Јадранската повелба оваа година, заедно со Црна Гора е кодомаќин. Во Јадранската повелба членуваат Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и […]

Петмина работници ја победија Црна Гора во Стразбур

24 февруари 2017

Петмина поранешни вработени во некогашниот гигант на СФРЈ и потоа на СРЈ, производителот на градежни машини „Радоје Дакиќ“, по седум години чекање, го добија спорот против владата на Црна Гора што го поведоа во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, јавија црногорските медиуми. Сега црногорската влада мора да им исплати најдоцна за три месеци […]

Ќе се формираат заеднички истражни тимови во борба против криминалот во ЈИЕ

21 септември 2016

Формирање на заеднички истражни тимови во Југоисточна Европа во борба против криминалот, е тема на дводневната конференција на обвинителствата од земјите во регионот што се одржува во Подгорица, соопшти Регионалниот совет за соработка (РCC). – Загрижува фактот дека има меѓународни криминални групи, а нема заеднички истражни тимови. Поразително ако се знае дека меѓу криминалците постои […]

По бурната ноќ со демонстрантите, мирно утро во Подгорица

25 октомври 2015

Нередот во центарот на Подгорица по демонстрациите организирани од опозицискиот Демократски фронт, траеше до доцна во ноќта. Припадниците на специјалната антитерористичка единица ги растерувале демонстрантите и брутално се пресметувале со поединци и со групи, пренесува црногорскиот медиум „Вијести“. Во Подгорица утринава е мирно. Протестите кои почнале во 19 часот, по неколку часа се претвориле во судир […]

Страна 1 од 1