fbpx

По бурната ноќ со демонстрантите, мирно утро во Подгорица

-

Нередот во центарот на Подгорица по демонстрациите организирани од опозицискиот Демократски фронт, траеше до доцна во ноќта. Припадниците на специјалната антитерористичка единица ги растерувале демонстрантите и брутално се пресметувале со поединци и со групи, пренесува црногорскиот медиум „Вијести“.

Во Подгорица утринава е мирно. Протестите кои почнале во 19 часот, по неколку часа се претвориле во судир на демонстрантите со полицијата, која со солзавец и со шок-бомби ги растерувала учесниците. Во градот се слушале и пукотници.

Според министерството за внатрешни работи на Црна Гора, демонстрантите врз полицијата фрлале камења и молотови коктели.

На улицата Слобода, каде што се одржувале протестите, искршени се повеќе излози и три семафори на крстосницата кај хотелот „Хилтон“.

За време на судирите, приведен е и еден од лидерите на опозицијата, Андрија Мандиќ, како и пратеникот Славен Радуновиќ.

Во демонстрациите учествувале околу 6.000 луѓе, повредени се 20 полицајци, а 27 граѓани побарале лекарска помош.

Демонстрантите бараа оставка од владата на Црна Гора и од премиерот Мило Ѓукановиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...