fbpx

Петмина работници ја победија Црна Гора во Стразбур

-

Петмина поранешни вработени во некогашниот гигант на СФРЈ и потоа на СРЈ, производителот на градежни машини „Радоје Дакиќ“, по седум години чекање, го добија спорот против владата на Црна Гора што го поведоа во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, јавија црногорските медиуми.

Сега црногорската влада мора да им исплати најдоцна за три месеци сума од 217.000 евра, колку што изнесува сумата од нивните 77 неисплатени месечни плати. Покрај тоа, владата на Црна Гора мора да им исплати и по 2.000 евра за нивните трошоци и за претрпената штета.

Пресудата ќе има далекусежни последици, оти, според нивниот адвокат, прифаќајќи ја тужбата од петмината работници, судот во Стразбур го утврди принципот според кој сите поранешни вработени, а не само оние 369 што ги застапува пред Европскиот суд за човекови права, ќе може да си ги остварат правата.

Доколку сите 1.800 некогашни работници на гигантот за градежни машини тргнат по патот на своите колеги, тоа би можело Црна Гора да ја чини 80 милиони евра.

Петтемина работници се обратиле до судот во Стразбур жалејќи се дека владата на Црна Гора не ја почитувала одлуката во нивна полза што црногорските судови ја донеле уште во 2005 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак од четврток во уметничкиот центар Арт Хаб

Во четврток во уметничкиот центар Арт Хаб ќе биде отворена изложбата на скулптури од керамика на Боро Новаковски – Новак. На изложбата ќе бидат презентирани ретките сочувани дела на...