fbpx

Бомба во Основниот суд во Подгорица – загина мажот што ја активирал

Бомбата ја активирал извесен Младен Булатовиќ, 40-годишен жител на Подгорица. Тој загинал, а седум лица се повредени, јави Радиотелевизија Црна Гора

-

Во Основниот суд во Подгорица, главниот град на Црна Гора, денеска се случи тежок инцидент, во кој извесен 40-годишен Младен Булатовиќ, жител на Подгорица, активирал бомба. Тој загинал, а седум лица се повредени, јави Радиотелевизија Црна Гора.

Инцидентот се случил во 11:35 часот. Бомбата била активирана во просторот меѓу двете врати во првиот влез во судот. Мотивите на Булатовиќ се засега непознати.

Повредените се згрижени во Клиничкиот центар. Меѓу нив има еден адвокат и двајца вработени во судот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Руинираните објекти во фабрика „Треска“ тргнати, ќе надживеат дрвјата или зградите?

Од некогашната фабрика за мебел „Треска“ не е останато речиси ништо по неколкумесечното чистење на руинираните индустриски објекти на оваа локација во скопската населба Буњаковец. Мета.мк обезбеди фотографии од...