fbpx

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Смртта на Гоце Делчев беше одбележана од државниот врв, партиски делегации и граѓани

-

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување.

„Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев . Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја фалсификува македонската историјата во која нема место за Гоце, Даме, Јане, Питу и сите други кои ги удриле темелите на македонската држава. Денот на смртта на Делчев не потсетува колкава е жртвата на нашите претци кои ги дале своите животи за ние да живееме во своја држава. Истовремено овој ден паметник е можност да оставиме аманет на идните генерации да ја продолжат борбата за македонска држава која никогаш не запира. Македонија е како куќа, ако не ја одржувате таа ќе се руинира, затоа треба да ги поправаме или менуваме расипаните делови за куќата наречена Македонија да биде функционална и удобна за сите“, рече Сиљановска Давкова.

Фото: Изборен штаб на Сиљановска Давкова

Смртта на Гоце Делчев беше одбележана и од државниот врв, партиски делегации и граѓани.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, испрати порака со оддавање почит и слава кон делото на македонскиот револуционер.

„Денеска, кога чествуваме 121 година од смртта на големиот македонски револуционер, идеолог и учител, Гоце Делчев, треба да се потсетиме на неговата идеја за културен натпревар меѓу народите. Во време кога во повеќе делови на Европа и светот беснеат војни, Гоцевите зборови делуваат како отрезнувачка порака за човештвото”, истакна Ковачевски.

Фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ, Ковачевски, посочи дека борбата на Делчев за слободна и независна македонска држава ќе остане вечен паметник за жртвата што ја дале тој и неговите современици.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски поклонувајќи се пред гробот на Гоце Делчев истакна:

„Денеска се поклонуваме на ова место, за нас посебно, традиционално, на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување, општествено обединување. Нешто што ќе ни биде потребно после осми мај. Нешто што треба да биде императив после осми мај. Да ја вратиме надежта. Да ја вратиме надежта дека Македонија и граѓаните на Македонија ќе успеат“.

Македонскиот револуционер Гоце Делчев загинал на денешен ден во 1903 година во селото Баница, денешна Грција, во битка со османлиските војски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични...