Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Во спротивно, сигурно е дека ќе предизвикаат проблеми, не само во односите на Грција со Северна Македонија, туку и во односите на Европа со Северна Македонија, изјави Мицотакис

-

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за државната телевизија ЕРТ.

Тој упати, како што рече, предупредување до новата македонска влада да ја смени линијата. Во спротивно, рече оти е сигурно дека непочитувањето на Преспанскиот договор ќе предизвика проблеми во односите на Грција и Европа кон Северна Македонија.

„Ќе ги чекаме официјалните ставови на Владата на Северна Македонија, но првите докази се крајно негативни. Во основата на Договорот од Преспа беше концептот на едно име, она што ние го нарекуваме ерга омнес, дека името Северна Македонија треба да важи за сè, односно да се користи и во странство и во земјата“, рече Мицотакис во интервјуто, а пренесува „Катимерини“.

Неговиот коментар доаѓа откако новоизбраната претседателка Гордана Сиљановска- Давкова во говорот за време на инаугурацијата го употреби само името „Македонија“, без „Република“ и „Северна“, со што повторно го „оживеа“ долгогодишниот спор.

„По прашањето за името има многу јасно назадување и сакам уште еднаш да упатам предупредување до новата Влада отсега да ја смени линијата, да ја почитува оваа централна одредба од Договорот од Преспа, да го користи единствено името Северна Македонија, во и надвор од државата, кога се споменува нашиот северен сосед. Во спротивно, сигурно е дека ќе предизвикаат проблеми, не само во односите на Грција со Северна Македонија, туку и во односите на Европа со Северна Македонија“, изјави Мицотакис.

Ќе го урнат ли Мицкоски и Мицотакис Преспанскиот договор

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...