fbpx

Град Скопје: Фирма без соодветни документи и дозвола монтира панорамско тркало пред „Борис Трајковски“

Од Град Скопје ги повикуваат надлежните да постапат во најкус можен рок, бидејќи „се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители“

-

Фирма регистрирана пред само еден месец, без соодветни дозволи и документи кои гарантираат безбедност, монтира панорамско тркало и други реквизити во Општина Карпош пред арената „Борис Трајковски“, обвинува Град Скопје.

Од таму информираат дека во рамки на своите надлежности извршиле надзор, преземале мерки и го казниле правното лице, за кое велат дека „сепак насилно продолжува да работи“.

„Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски“, се вели во денешното соопштение на Град Скопје.

Од таму ги повикуваат надлежните да постапат во најкус можен рок, бидејќи „се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие“.

Иако во видеа на социјалните мрежи стартот на привремениот Луна Парк се најавуваше за 17 мај (вчера), паркот сè уште не е пуштен во употреба.

Мета.мк утрово ја посети локацијата каде можеа да се забележат работници кои работат на поставување на инсталациите, вклучително и на онаа за која се тврди дека ќе биде панорамско тркало.

Инаку, претходно месецов, во Србија се случи несреќа кога на саем во Куршумлија се откорна дел од конструкцијата на рингишпил, при што беа повредени тринаесет деца, од кои едно потешко. На сопственикот на вртелешката и закупувачот на плацот каде истата била поставена им е одреден притвор поради вознемирување на јавноста и можност за влијаење на сведоци. За нив постојат основи на сомнение дека сториле кривично дело „тешки дела против општата безбедност“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Портокаловата фаза ги препоти граѓаните

Летото во државава започнува со прогласена портокалова фаза, температури над 30 степени Целзиусови и топла воздушна маса од југ која предизвикува сончево и натпросечно топло време за овој период...