fbpx
Таг: Кирјакос Мицотакис

таг: Кирјакос Мицотакис

Мицотакис: Новата влада да го користи единствено името Северна Македонија

Никаков напредок на долгиот пат на Скопје кон Европа не може да се постигне без апсолутно почитување на Преспанскиот договор за прашањето за името, изјави денеска грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за државната телевизија ЕРТ. Тој упати, како што рече, предупредување до новата македонска влада да ја смени линијата. Во спротивно, рече оти е сигурно дека непочитувањето на Преспанскиот...

Средба Ердоган-Мицотакис: Односите меѓу Турција и Грција влегуваат во нова ера

„Ова е навистина посебен ден“ е почетната реченица од заедничката изјава на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис по историската средба што ја имаа во Атина, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА. Двете земји потпишаа договор за пријателство, се обврзаа да ги обноват врските и потпишаа декларација за добрососедски односи. „Нашите билатерални односи, исто така, забележаа подеми...

Избори во Грција: Мицотакис освои мнозинство од 158 места во идниот парламент

Актуелниот грчки премиер Кирјакос Мицотакис е убедлив победник на парламентарните избори што се одржаа вчера во Грција. Неговата конзервативна партија Нова Демократија освои 40,5 отсто од гласовите, со што доби 158 пратенички места во грчкиот парламент кој брои 300 пратеници, пишува грчкиот весник Катимерини. Со ваквиот резултат, партијата на Мицотакис ќе може самостојно да ја формира идната грчка влада. Левичарската...

Мицотакис го промовираше проектот „Пиркал“ – нов огромен парк и административен центар во Атина

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис викендов во Атина го презентираше капиталниот проект „Пиркал“, со кој се предвидува изградба на огромен парк и ново административно седиште на Атина со вкупна површина од речиси 490.000 метри квадратни. Од нив, за изградба на парковска површина се предвидени околу 32,4 хектари (324.000 метри квадратни) од локацијата на некогашната фабрика „Пиркал“. Импресивниот проект е именуван како...

Средба Заев – Мицотакис: Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја во преговорите со ЕУ

Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев во рамките на својата дводневна посета на Грција, денеска во Атина имаше работна средба со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис. Како што соопштија од владиниот кабинет, на неа меѓу другото, било истакнато дека со Договорот од Преспа, РСМ и Грција создадоа модел за успешно решавање на отворените прашања меѓу соседите. Заев нагласил дека...

Заев и Мицотакис договориле поголема економска соработка и спроведување на Договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев синоќа се сретна со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на маргините на Самитот во Солун. Средбата како што информираат од Владата, поминала во пријателска и конструктивна атмосфера. „Се разговараше за повеќе прашања, меѓу кои прашањето на поддршката на Грција во претстојниот период за да се забрза претстојниот процес за старт на преговорите на нашата земја за членство во ЕУ....

Заев и Мицотакис се согласиле дека ќе се почитува Договорот од Преспа

Премиерот Зоран Заев, за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк се сретна со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис. Заев го информирал Мицотакис за напорите за зајакнување на спроведувањето на тековните реформи за да се отвори простор за почеток на преговорите за влез во ЕУ за што се очекува позитивна одлука во октомври годинава. „Заев нагласи дека Владата е подготвена за...

Нова Демократија води со 12,4 отсто пред владејачката Сириза

Најголемата опозициска партија во Грција, Нова Демократија на Кирјакос Мицотакис, го зголемува водството пред владејачката Сириза на Алексис Ципрас, покажала анкетата објавена од весникот „Прото Тема“, пренесува „Блумберг“. 26,4 отсто од испитаниците се определиле за Нова Демократија, а за во Сириза само 14 отсто. Мнозинството на владејачката коалиција на Ципрас во парламентот се намали на само два пратеника предност во законодавниот...

Мицотакис: НД не прифаќа македонска националност и македонски јазик

Уставни измени, отстранување на иредентизмот, заемно прифатливо име ерга омнес, без македонска националност и македонски јазик, се условите за решение на прашањето за името, според лидерот на грчката партија опозициска Нова демократија (НД), Кирјакос Мицотакис. Говорејќи пред одговорните на секторите во партијата, Мицотакис рече дека договорот што нема да ги задоволува националните интереси, нема да биде прифатен од Нова демократија. –...

Мицотакис: Не е можно решение без соседите да го променат Уставот

Решение не може да постои без претходно соседната земја да го промени нејзиниот Устав и комплетно и неповратно да ги отстрани сите елементи на иредентизмот, рече Кирјакос Мицотакис, лидерот на најголемата грчка опозициска партија, говорејќи пред одговорните на различните сектори во Нова демократија. Мицотакис смета дека начинот на кој владата управува со преговорите, предизвикува загриженост и уште еднаш го повтори...

Мицотакис го обвини Ципрас дека игра на картата на поделба

Лидерот на опозициската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, го обвини грчкиот премиер Алексис Ципрас дека повторно игра на картата поделба, бидејќи сакал да направи поделба во опозицијата, но не му успеало, а истото сакал да го стори и со народот кога ги нарекол радикални десничари оние што учествувале во протестите. Според него, грчката влада без план и без гаранции тргнала да...

Мицотакис не му даде поддршка на Ципрас за прашањето за името

Претседателот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, по средбата со грчкиот премиер, Алексис Ципрас ја отфрли можноста да и даде поддршка на владата за формирање на поширок национален консензус за прашањето за името, јавува македонската државна новинска агенција МИА. Мицотакис по средбата со Ципрас упатил критики за начинот на кој грчката влада управува со конкретното прашање....

Мицотакис: Прво ќе барав промена на македонскиот Устав, а потоа ќе преговарав

Во други околности треба да се бара решение на спорот со името, вели лидерот на опозициската Нова демократија, Киријакос Мицотакис, кој пред политичкиот комитет на опозициската партија упати остри критики кон грчката Влада во однос на тоа како се однесува со прашањето за името. Во присуство на поранешните премиери Костас Караманлис и Андонис Самарас, Мицотакис детално објаснил што ќе направел...

Нова демократија води пред СИРИЗА во анкетите на јавното мислење

Мнозинството грчки граѓани сметаат дека десничарската партија Нова демократија би победила доколку утре се распишат избори во Грција. Ова го покажува новата анкета на јавното мислење спроведена за грчката телевизија „Екшн 24“ (Action 24). Според резултатите од анкетата, опозициската партија предничи 13,5 отсто пред владејачката СИРИЗА. Подетално, според одговорите на анкетираните за предвидување на победникот на потенцијални избори, Нова демократија...

Жестока контра Мицотакис – Каменос околу спорот за името

Спорот за името се најде како една од главните теми во препукувањата меѓу грчката влада и опозицијата во вчерашната жестока парламентарна расправија во грчкото Собрание. Опозициските Нова Демократија и ПАСОК отворено побараа од Ципрас да си даде оставка и да распише избори. Одговорот на грчкиот премиер беше дека избори ќе има регуларно, откако ќе помине четиригодишниот мандат. - Да си одите,...

Мицотакис, а не Ципрас, е новиот миленик на грчките медиуми

Новиот лидер на десничарската Нова демократија, Кирјакос Мицотакис, полека почнува да го гради својот имиџ како нова политичка ѕвезда на грчката сцена. Мнозинството од грчките медиуми го следат секој негов чекор за реформирање на партијата, претставувајќи го како новиот политички лидер кој може да внесе сериозност и стабилност не само во Нова демократија, туку и во државата како потенцијален...

Семејството Мицотакис се врати на тронот на Нова демократија

Кирјакос Мицотакис е новиот лидер на најголемата грчка десничарска партија Нова демократија. Мицотакис изненади и освои 51 отсто од гласовите на десничарските симпатизери наспроти неговиот опонент Евангелос Меимаракис, кој според медиумите беше поголем фаворит за лидер на партијата. Од Кирјакос Мицотакис, синот на екс-премиерот и лидер на Нова демократија, Константинос Мицотакис и брат на екс шефицата на дипломатијата Дора Бакојани,...

Минчев, поради злоупотреби, најави укинување на балансерот

Министерот за јавна администрација Горан Минчев најави укинување на балансерот. Како причина за ова, тој рече дека балансерот во минатото бил предмет на злоупотреби. „Имавме случаи каде етнички Македонци се...