fbpx

Средба Заев – Мицотакис: Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја во преговорите со ЕУ

-

Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев во рамките на својата дводневна посета на Грција, денеска во Атина имаше работна средба со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис. Како што соопштија од владиниот кабинет, на неа меѓу другото, било истакнато дека со Договорот од Преспа, РСМ и Грција создадоа модел за успешно решавање на отворените прашања меѓу соседите.

Заев нагласил дека воспоставеното партнерство засновано на доверба и пријателство меѓу двете земји се трансформираа во сојузништво кое е потврдено и со членството на нашата земја во НАТО, и дека Грција останува силен лобист и поддржувач на нашата земја во претстојниот процес на преговори со ЕУ.

Во врска со идната соработка и спроведувањето на одредбите од Акциониот план од Договорот од Преспа, двајцата соговорници дале приоритет на континуитетот на работата на заедничките комитети на експерти за историските, образовните и археолошките прашања, како и на Комитетот за изнаоѓање решенија за заштитените марки и брендови заради олеснување на бизнис релациите.

Двајцата премиери разговарале и за справувањето со пандемијата со ковид-19 и се согласиле дека солидарностa и соработката на ЕУ со Западен Балкан во таа насока треба да продолжи.

„Заедно се соочуваме со исти здравствени и економски предизвици и само заедно можеме да ги надминеме, со соработка и со поголема солидарност. Затоа треба да продолжиме да инвестираме во добрососедските односи, да ги надминуваме отворените прашања со дијалог и толеранција и да ја подобруваме регионалната соработка“, истакна претходно Заев, на панелот посветен на иднината на Западен Балкан, на конференцијата на магазинот „Економист“, организирана како тркалезна маса со владата на Грција и со учесници од регионот, на тема „Европа: Зајакнување на кохезијата во турбулентни времиња“ за брз и ефикасен излез од кризата предизвикана од пандемијата со ковид-19.

Заев рекол дека договорите со Грција и со Бугарија треба да бидат доволно инспиративни за лидерите во регионот да се посветат на негување на мирот и стабилноста, јакнење на регионалната соработка, поголем економски развој и евроатлански интеграции. Како и дека во вториот мандат Владата ќе се фокусира на справување со ковид-19, на зајакнување на владеењето на правото и на создавање на динамичен економски раст, при што од големо значење е соработката и солидарноста на ЕУ и на сите земји од Западен Балкан.

На конференцијата на „Економист“ во Атина учествуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, заменик-претседателот задолжен за европски прашања Никола Димитров, и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...