fbpx

Заев и Мицотакис се согласиле дека ќе се почитува Договорот од Преспа

-

Премиерот Зоран Заев, за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк се сретна со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис.

Заев го информирал Мицотакис за напорите за зајакнување на спроведувањето на тековните реформи за да се отвори простор за почеток на преговорите за влез во ЕУ за што се очекува позитивна одлука во октомври годинава.

„Заев нагласи дека Владата е подготвена за целосно спроведување на Акциониот план за интензивирање и збогатување на соработката со Република Грција, како што е предвидено со Договорот од Преспа, за кој потенцираше дека е историски чекор и значаен договор за градење добрососедство, поблиска соработка и конструктивни и позитивни односи меѓу двете земји. Беше изразена поддршка од страна на грчкиот премиер за отварање на преговори со ЕУ и беше потенцирано дека доследната и навремена имплементација на Договорот од Преспа е клучна за унапредување на односите и обезбедување на европската перспектива за Северна Македонија“, информираат од Влада.

Според грчкиот весник „Катимерини“, Мицотакис му рекол на Заев дека никогаш немало да го потпише Договорот од Преспа, но дека ќе го почитува бидејќи е ратификуван во грчкиот парламент и од него произлегуваат обврски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...