Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Учениците ќе престојуваат подолго на училиште, велат во МОН

Фото: Министерство за образование и наука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање – 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ во Скопје, наместо во саботи, ќе се надомести во работни денови.

„Дополнувањето на нереализираните наставни часови ќе го планираат и организираат директорите на училиштата и ќе се реализира со подолг престој на учениците во денови од работната недела, во рамки на шестчасовното работно време на наставниците“, наведено е во соопштението на МОН.

Наставната година за учениците од средните училишта трае до 10 јуни, а за учениците од основните училишта до 17 јуни.