Макрон и француското собрание не изјавиле ниту усвоиле нешто за стопирање или одложување на ЕУ проширувањето

Ова е лажна вест, претставена како да е вистинска, наводно објавена од Би-би-си. Ниту Би-би-си, ниту кој било друг релевантен медиум, не објавил ваква вест. Покрај ова, ниту Макрон не изјавил дека „на Северна Македонија треба да ѝ се каже дека нема проширување до 2040“

-

Франција не усвоила никаква резолуција со која се стопира процесот на проширување на ЕУ. Ова е лажна вест, претставена како да е вистинска, наводно објавена од Би-би-си. Ниту Би-би-си, ниту кој било друг релевантен медиум, не објавил ваква вест. Покрај ова, ниту Макрон не изјавил дека „на Северна Македонија треба да ѝ се каже дека нема проширување до 2040.“ Обете тврдења се дезинформации, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која споделува вест, наводно објавена од Би-би-си, во која се тврди дека францускиот парламент на 15 април 2024 година донел резолуција за стопирање на процесот на проширување на Европската Унија.

Проверката на Вистиномер покажа дека Би-би-си на својата официјална Фејсбук страница нема објавено ваква вест. Од објавата е очигледно дека е злоупотребено логото на Би-би-си за да се креира лажна вест. Логото на Би-би-си споредено со она во објавата не е исто, што може да се види од примерот подолу.

Она што, исто така, е факт, е дека Би-би-си не објавува вести на македонски јазик. Би-би-си на македонски престана со емитување програми на 4 март 2011 година.

Наводната вест дека Француското собрание усвоило резолуција со која се стопира процесот на проширување на ЕУ, ја побаравме и на официјалната веб страница на Би-би-си, но не ја најдовме. Веста ја побаравме и на Гугл, но безуспешно.

Очигледно е дека станува збор за лажна вест која ја креирал авторот на објавата со цел да шрири дезинформации во јавноста.

Инаку, што се однесува до ставот на Франција во поглед на проширувањето на Унијата, оваа земја во не е против проширување, туку бараше реформа на процесот на проширување. Ваквите реформи Франција ги претстави уште во 2019 година. Повеќе на оваа тема може да се прочита тука и тука. Нејзината актуелна позиција во однос на проширувањето, најдобро ја отсликува говорот на Претседателот Емануел Макрон во Братислава, на 31 мај 2023.

Слично на ова, дезинформација е и објавата, исто на социјалната мрежа Фејсбук, во која се вели дека „на Северна Македонија треба да ѝ се каже дека нема проширување до 2040,“ изјава која му се припишува на францускиот претседател Макрон, при што се додава и логото на Дојче Веле, со што се имплицира дека ваквата информација потекнува оттаму.

Но, ако се пребараат и македонската и англиската верзија на порталот на Дојче Веле, поконкретно содржините во кои се спомнува името на францускиот претседател, веднаш се гледа оти содржина со вакви информации едноставно нема, туку дека логото на Дојче Веле е злоупотребено, исто како што е злоупотребено и логото на Би-Би-Си.

Од сето погоре можеме да заклучиме дека Франција не усвоила никаква резолуција со која се стопира процесот на проширување на Европската Унија, ниту, пак, Макрон изјавил дека на С. Македонија требало да ѝ се каже дека нема да има проширување до 2040. Ова се дезинформации, претставени како да се вистинска, наводно објавени од Би-Би-Си и Дојче Веле. Нашата проверка покажа дека ниту Би-би-си, ниту Дојче Веле, кој било друг релевантен медиум, не објавил вакви вести. Поради сето ова, објавите ги оценуваме како невистинити.

 

hubmk

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...