Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Моторните возила ќе бидат распоредени во единиците во Армијата со што ќе сe зголемат транспортните можности и мобилност на единиците и ќе се зголемат капацитетите на единиците за извршување на поставените задачи

-

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден во Скопје.

На церемонијата на која беа изложени добиените 76 моторни возила, за значењето на донацијата се обратија министерката за одбрана Славјанка Петровска, амбасадорката на Кралството Норвешка за Северна Македонија, Кристин Мелсом, началникот на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и бригадниот генерал Андрес Јернберг, командант на логистика на Вооружените сили на Кралството Норвешка.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска во своето обраќање истакна дека  денешниот настан најдобро го отсликува цврстото сојузништво помеѓу Северна Македонија и Кралството Норвешка и дека одбранбена соработка е пример за сојузничка соработка и поддршка со која се зајакнува Армијата на Северна Македонија, а истовремено се зајакнува и мирот, безбедноста и стабилноста на Алијансата.

„Оваа норвешка донација од 76 неборбени моторни возила, значително ќе придонесе за зголемување на транспортните можности на едниците на Армијата односно на нивната борбената готовност. И јас како министерка, но и припадниците на Армијата и граѓаните на оваа држава, благодарни сме за вашата донација која доаѓа во прав момент и ќе овозможи значително зголемување на капацитетите на единиците на нашата Армија за извршување на нивните задачи, што директно ќе влијае и за постигнување на декларираното ниво на борбената подготвеност на претстојното оценување “, рече Петровска.

Обраќајќи се пред присутните, амбасадорката Мелсом истакна дека меѓусебните дипломатски односи кои континуирано се подобруваат во последните 30 години, во последните години уште повеќе се зајакнаа и во воената соработка, особено по приемот на Северна Македонија во НАТО и посветеноста кон исполнување на вредностите на Алијансата.

Фото: Министерство за одбрана

„Ја гледаме не само воената опрема што и ја дадовте на Украина, туку и зголемениот број војници што ги имате распоредено во различни мисии. Вашата цел да распоредите 10% од вашата армиска структура е импресивна. Ова го гледаме на дело со вашите придонеси во мисиите на ЕУ, мисиите на НАТО, КФОР во Република Косово, учеството во Активности за зајакната будност во Романија и Бугарија, Зајакнато истурено присуство во Латвија и мисијата на ОН во Либан. Сето ова потврдува дека работите подеднакво како и сите други во Алијансата и Норвешка со гордост ве нарекува и сојузник и пријател“, истакна амбасадорката Мелсом.

Генералот Јернберг го оцени овој ден од историско значење бидејќи ја одбележува најголемата донација на воена опрема што Кралството Норвешка ја има направено за некоја земја од Западен Балкан. Притоа тој истакна дека она што во меѓусебните разговори со нашите армиски претставници го има забележано е дека иако нашите земји се различни, како и армиските команди и воена организација се разликуваат, имаме заеднички логистички пристап и дека преку билатералната соработка кога станува збор за обезбедување на поддршка овозможува взаемно ефикасна, ефективна и поодржлива воена логистика.

Фото: Министерство за одбрана

Седумдесет и шесте моторни возила, од кои 36 се лесни пешадиски моторни возила од типот – Мерцедес Бенз 290 ГД и 40 товарни моторни возила камиони – Сканија П3, се последен од досегашните многубројни проекти на одличната соработка во одбранбената сфера помеѓу Република Северна Македонија и Кралството Норвешка.

Моторните возила ќе бидат распоредени во единиците во Армијата со што ќе сe зголемат транспортните можности и мобилност на единиците и ќе се зголемат капацитетите на единиците за извршување на поставените задачи.

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во Владимир Путин,...

Сто дена Трамп 2.0 – „Америка на прво место“ го менува светскиот поредок

Со незапаметена глобална царинска војна, кратење на американската странска помош, навреди кон сојузниците од НАТО и прифаќање на наративот на Русија за инвазијата врз Украина, претседателот Доналд Трамп за само 100...

Познатата игра „Обливион“ доби ремастерирана верзија

Популарноста на играта „Обливион“ (The Elder Scrolls IV: Obilivion“, претходникот на ултра популарната видео игра „Скајрим“, доби своаја ремастерирана верзија. Не се работи само за козметички подобрена верзија, туку за драстично...

Тимот на Македонецот Дамјан „Киксан“ Стоилковски освои второ место на турнирот во „Кантер страјк“ во Мелбурн

На големото финале на турнирот во кантер страјк „Интел екстрим мастерс Мелбурн 2025“, тимот на „Вајталити“ успеа со 3:2 да ги победи тимот „Фалконс“, тимот на македонскиот професионален играч Дамјан Стоилковски....

Според Трамп, Зеленски е подготвен да се откаже од Крим

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека средбата лице в лице во Ватикан со украинскиот претседател Володомир Зеленски, ги подобрила односите со украинскиот претседател и се спроивставува на довербата во...