четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: донација | 131 резултати

ТАВ Македонија донира целосно опремено амбулантно возило на Општата болница во Кочани

август 27, 2025

ТАВ Македонија, оператор на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, донираше целосно опремено амбулантно возило на ЈЗУ Општа болница – Кочани. Со оваа донација целат да го подобрат итниот медицински одговор и услугите за граѓаните на општина Кочани и поширокиот источен регион на земјата. „ Во ТАВ Македонија, нашата посветеност кон заедницата […]

Нова донација со компресивна облека за повредените во трагедијата во Кочани

август 18, 2025

Граѓанската иницијатива „Support Kocani“ ја реализира и третата пратка компресивна облека, наменета за преживеаните лица од пожарот во Кочани, соопштуваат оттаму. „Облеката е веќе предадена на Општата болница во Кочани, со цел да се овозможи правилна рехабилитација и побрзо заздравување. Вредноста на оваа набавка изнесува 2.193.047 денари (35.555 евра), а парите се целосно обезбедени исклучиво […]

Борба со аерозагадувањето: Владата ќе стави системи за филтрација на воздух во градинките, училиштата, болниците

февруари 19, 2025

Компанијата „Екотип“ од Скопје ќе донира 255 системи за филтрација на воздух вредни еден милион евра, кои ќе бидат поставени во градинки, училишта, болници и други јавни установи. Договорот за донација беше формално потпишан денеска во Владата. Компанијата работи во областа на филтрација на воздухот и е претставник на германскиот производител на напредни системи за […]

По два месеци чекање пуштени во употреба шесте нови еко-автобуси, донација од ЕУ

февруари 3, 2025

Шесте нови еко автобуси кои град Скопје ги доби како донација од ЕУ, а кои помпезно и пред многу политичари и медиуми беа промовирани на 26 ноември 2024 г., од денеска конечно се пуштени во употреба. Цели два месеци и една недела откако беа предадени на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП Скопје), тие почнаа да […]

(ГАЛЕРИЈА) Донација од ЕУ за Скопје: Огромен медиумски и политички интерес за шест автобуси на метан

ноември 26, 2024

Шест еколошки автобуси кои ќе возат на метан доби денеска градот Скопје односно Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП – Скопје), како донација од Европската Унија, преку проектот „ЕУ за чист воздух“. На денешниот настан организиран по повод примопредавањето на шесте возилата во дирекцијата на ЈСП, имаше огромен интерес од медиумите но и од политичарите. Автобусите нема […]

Скопје утре ќе добие шест нови еко автобуси

ноември 25, 2024

Утре Јавното сообраќајно претпријатие ќе добие шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас, донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“. Како што информираaт организаторите на настанот, Kaнцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (UNOPS), овие автобуси се значаен чекор во патот на град Скопје кон намалување на емисиите, подобрување на квалитетот на […]

Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција доби лабораторија за дигитална форензика

септември 3, 2024

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) денеска и официјално беше пуштена во употреба лабораторијата за дигитална форензика. Неопходните хардверски и софтверски компоненти за опремување во областа на дигиталната форензика во вредност од околу 500.000 американски долари се набавени со поддршка на Амбасадата на САД, соопштија од ова обвинителство. […]

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

април 25, 2024

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден во Скопје. На церемонијата на која беа изложени добиените 76 моторни возила, за значењето на донацијата се обратија министерката за одбрана Славјанка Петровска, амбасадорката на Кралството […]

Нов ласерски систем за спречување нелегална употреба на оружје

март 18, 2024

Со воведувањето нов систем за управување со деактивирано огнено оружје, овозможено преку донацијата од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Мисијата на ОБСЕ во Скопје, ќе се спречи злоупотребата на оружје и ќе се подобри безбедноста во Северна Македонија, соопштуваат оттаму. „Машината за ласерско означување оружје, која е поставена во Министерството за внатрешни […]

ЕУ донира седум амбулантни возила на скопската Итна помош

февруари 6, 2024

Утре амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија ќе ѝ примопредаде на Службата за итна помош Скопје седум возила за брза помош финансирани од ЕУ. „Делегацијата на Европската Унија обезбеди седум амбулантни возила финансирани од ЕУ за Итната помош во Скопје и Здравствениот дом Скопје. Возилата ќе превезуваат болни или повредени лица до […]

Со јапонска донација обновенo e кичевското училиште „Д-р Владимир Полежиноски“

септември 11, 2023

Со 80,593 евра, јапонска донација, променети се вратите и прозорците во училиштето „Д-р Владимир Полежиноски“ во Кичево, а обновени се и училишните тоалети. Како што информираат од Јапонската амбасада, амбасадорот на Јапонија Оцука Казуја денеска присуствувал на церемонијата за успешно завршениот проект. „Веруваме дека инвестирањето во образованието е инвестиција во иднината. И Јапонија е силно […]

Јапонија на Охрид му донираше комунално возило вредно 60.000 евра

јуни 23, 2023

Јапонскиот народ на општината Охрид ѝ донира комунално возило вредно 60.640 евра, соопштија од Јапонската амбасада во земјава. Амбасадорот на Јапонија, Оцука Казуја, присуствувал на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во општина Охрид, која ја организирал градоначалникот Кирил Пецаков и директорот на јавното комунално претпријатие „Нискоградба“, Александар Трпеноски. „Со овој проект, Јапонија овозможи Охрид да […]

Словенија донираше над 200.000 евра за дигитализација на македонскиот Државен архив

април 20, 2023

Во Министерството за економија, туризам и спорт на Република Словенија, денеска беше потпишан Договор за донација од 218.000 евра, наменети за реализација на процесот на дигитализација на историските документи и архивските материјали во Државниот архив на С. Македонија. Договорот во Љубљана го потпишаа директорот на Државниот архив, Емил Крстески и директорката на словенечкиот Центар за […]

Петровска: Делумно е симната тајноста на податоците за воената опрема донирана за Украина

март 15, 2023

Извршена е делумна декласификација на одлуките за донација на воена помош и опрема на Украина, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во вчерашното гостување во емисијата Клик Плус на ТВ 21. Опремата била од источно производство и не се користела од АРМ, појасни таа. Зборувајќи за симнувањето на тајноста на дел од документите, Петровска рече […]

Болницата во Струмица ќе добие нов 4Д ултразвучен систем, донација од јапонската амбасада

март 3, 2023

Одделот за гинекологија во општата болница во Струмица ќе добие нов 4Д ултразвучен систем вреден 51.462 евра, како подарок од јапонската амбасада. Денеска амбасадорот Оцука Казуја потпиша договор за „Грант помош на мали проекти за човекова безбедност“ за да се подобрат основните човекови потреби во Северна Македонија. „Церемонијата за потпишување на проектот беше отворена од […]

Не е вистина дека ќе ѝ ги донираме хеликоптерите на Украина

јануари 3, 2023

Објава на Фејсбук шири невистини дека нашата земја ќе ѝ донира хеликоптери на Украина. Вистиномер праша во Министерството за одбрана, од каде што ни одговорија дека „нема таква одлука и во овој момент не се размислува за таква донација“. Ваквата дезинформација се појави откако медиумите информираа дека државата потпишала договор со Чешка за ремонт на […]

Пет училишта добија на подарок 1.324 книги за подобрување на јазичните вештини на децата

декември 21, 2022

Издавачката куќа за деца „Вермилион“ и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по Чекор – Македонија преку партнерство со сервисот „Конектирај се“ донираа 1.324 книги интересна детска литература за учениците од пет училишта во земјава, информираат од Здружението на граѓани „Конект“. „Од денес учениците од пет училишта ќе читаат интересна детска литература и ќе […]

Студентите на УКИМ организираат журка за реновирање на студентските домови

декември 6, 2022

Универзитетското студентско собрание на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УСС УКИМ) утре организира хуманитарна забава на која собраните средства ќе бидат наменети за реновирање на дел од објектите во студентските домови. Од ова студентско собрание за Мета.мк велат дека забавата има за цел директно да помогне во подобрувањето на условите во студентските домови. Една од […]

Нов рентген апарат донираше јапонската амбасада за болницата во Штип

ноември 24, 2022

Јапонија овозможи Клиничката болница во Штип да добие нов „Shimadzu“ подвижен дигитален рентген апарат на одделот за инфективни болести, во вкупен износ од 55.882 евра. Амбасадорот на Јапонија Савада Хиронори, денеска присуствуваше на церемонијата за комплетирање на GGP-проект во јавната здравствена установа (ЈЗУ) Клиничка болница Штип. Церемонијата беше организирана од страна на градоначалникот на општина […]

Страна 1 од 7