недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Договор од Преспа | 108 резултати

И лица во Грција кои работат против Договорот од Преспа, може да се најдат на црна листа на САД

јуни 18, 2021

Oние што работат против Договорот од Преспа и во држави надвор од Западниот Балкан, вклучувајќи ја и Грција, ќе можат да се најдат на црна листа на САД, изјави за „Гласот на Америка“ портпаролот на Стејт департментот. „Извршната наредба 14033 дозволува санкции против оние што ја потценуваат стабилноста на Западниот Балкан, каде и да се […]

Истражување: Договорот од Преспа сè уште е сензитивна тема и кај нас и во Грција

јуни 16, 2021

Три години од потпишувањето, Договорот од Преспа за решавање за спорот за името помеѓу Северна Македонија и Грција, сè уште е сензитивна тема за многу граѓани во двете земји. Ова го покажува истражувањето на јавното мислење кое го направи канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденауер“ од Грција и Кипар и Грчката фондација за европска и надворешна […]

Османи на прва средба како министер за надворешни работи со грчкиот колега Никос Дендиас

септември 16, 2020

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска ќе ја има својата прва официјална средба како предводник на надворешната политика на земјава, со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендиас. „Според предвидената агенда, ќе бидат отворени бројни теми во рамките на билатералната соработка меѓу двете земји, како и актуелностите околу политичката динамика во регионот. Османи […]

Со сериозен наслов не се пренесува шега

јануари 13, 2020

Колку и спектакуларно да звучи и често да се појавува, насловот дека Зоран Заев ја дал ќерката за да се потпише Преспанскиот договор или, пак, во замена за грчки остров, не е точен пишува „КриТинк“. Всушност, се работи за исечок од опуштено новогодишно интервју во домот на Заеви подготвено како разговор на новинарот Мишко Иванов […]

„Контраспин“: ВМРО-ДПМНЕ не може да освои две третини од пратениците

декември 24, 2019

Секое споменување и повикување на две третини од пратеничките места за ВМРО-ДПМНЕ, за потоа тие да направат „чекор назад во однос на Преспанскиот“, што се разбира не значи и „враќање на името“, е чист спин, пишува „Вистиномер.мк“. Спинот е насочен само кон мобилизација на гласачкото тело, кое од објективни или субјективни причини е неинформирано и […]

ВМРО-ДПМНЕ ако дојде на власт ќе го менува Договорот од Преспа, потврди Јанушев

декември 23, 2019

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев го потврди како партиски став она што денеска го кажа претседателот на партијата Христијан Мицкоски дека доколку освојат 80 пратеници на изборите ќе пристапат кон менување на Преспанскиот договор и враќање на уставното име. „За тоа сме дискутирале, сме завзеле став уште поодамна и нормално дека нема да бегаме […]

Димитров -Дендиас: Важно е да се исполнуваат обврските од Договорот од Преспа

ноември 26, 2019

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска се сретна со шефот на грчката дипломатија, Никос Дендиас, кој престојува во официјална посета на Македонија. На средбата биле разменети мислења за билатералната соработка, со посебен осврт на политичките односи и економските активности, како и за европската перспектива на Македонија и регионот. Исто така, биле разгледани и можностите […]

Димитров и Дендиас се согласиле за понатамошна имплементација на Договорот од Преспа

ноември 8, 2019

Министерот за надворешни работи Никола Димитров е во работна посета на Женева, како дел од делегацијата предводена од премиерот Зоран Заев, а со цел учество на состанокот организиран од Светскиот економски форум на тема „Стратешки дијалог за Западен Балкан.“ На маргините од лидерскиот состанок, Димитров денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Грција, […]

Заев и Мицотакис се согласиле дека ќе се почитува Договорот од Преспа

септември 25, 2019

Премиерот Зоран Заев, за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк се сретна со грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис. Заев го информирал Мицотакис за напорите за зајакнување на спроведувањето на тековните реформи за да се отвори простор за почеток на преговорите за влез во ЕУ за што се очекува позитивна одлука во октомври годинава. „Заев […]

Димитров во Атина се сретна со претседателот на грчкиот парламент Вуцис

март 15, 2019

На првиот ден од својата работна посета на Атина, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, оствари средба со претседателот на грчкиот парламент, Николаос Вуцис. На средбата, како што информираат од Министерството за надворешни работи, соговорниците го изразиле своето задоволство од завршувањето на внатрешните процедури во двете земји во контекст на ратификацијата на Договорот од Преспа […]

Бајден до Заев: Договорот од Преспа придонесува за европската интеграција и единство

март 5, 2019

Поранешниот потпретседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден му испратил писмо на премиерот Зоран Заев во кое вели дека му претставувало чест што се сретнале на Конференцијата за безбедност во Минхен и за разговорот низ кој размениле мислења за актуелните политички прашања. „Уште еднаш Ви честитам на историскиот договор со Грција во Преспа. Уверен сум […]

Рикер: САД го препознаваат успехот на Договорот од Преспа

март 4, 2019

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД со кого разменил мислења за актуелните состојби во државата и во регионот. Димитров му честитал на Рикер за неговото именување на функцијата помошник-државен секретар на САД за европски […]

Трамп му пиша на Заев: Ви честитам за лидерството и посветеноста за Договорот од Преспа

февруари 21, 2019

Премиерот Зоран Заев вчера добил писмо од американскиот претседател, Доналд Трамп, во кое тој во име на американскиот народ, честита за ратификацијата и имплементацијата на договорот од Преспа и нагласува дека Северна Македонија е голем партнер на САД, информираат од владината прес-служба. „Ова е најисториското достигнување на Балканот од Дејтонскиот договор и сведочи за Вашето храбро […]

Папас: Договорот од Преспа беше измачен од лажни вести

февруари 19, 2019

Лажните вести за Договорот од Преспа денеска беа тема на прес-конференцијата во Владата, на која министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и неговиот грчки колега министерот за дигитални политики, телекомуникации и медиуми на Република Грција, Никос Папас потпишаа Меморандум за разбирање, пишува „КриТинк“. На конференцијата проследена и од голем број на грчки новинари, […]

Новото име во учебниците, сведителствата и во наставата ќе влегува во фази

февруари 18, 2019

Сите учебници што се користат во образовниот систем во сите нивоа на образование, како и целата педагошка евиденција што ја водат наставниците и професорите, вклучително и свидетелствата и сите официјални документи, ќе се менуваат во следните пет години. Согласно Договорот од Преспа, секаде каде што стои името „Република Македонија“ или „Македонија“ треба да се промени […]

Могерини: ЕУ ќе го поздрави успехот постигнат со Договорот од Преспа

февруари 18, 2019

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, порача дека министрите ќе го поздрават историскиот успех што го постигнаа двете страни со Договорот од Преспа. Решавањето на спорот за името е една од ретките добри вести за ЕУ, […]

Сите рокови за Република Северна Македонија: Што и до кога треба да се промени (инфографик)

февруари 14, 2019

Промената на таблата на граничниот премин со Република Грција е првиот чекор што го направи државата кон целосна промена на уставното име во Република Северна Македонија. Според меѓуресорската група задолжена за извршување на обврските од Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, роковите за целосна промена на името се движат од 3 дена па до […]

Таблата на Богородица доби налепница Република Северна Македонија (галерија)

февруари 13, 2019

Царинската управа денеска на граничниот премин Богородица со Република Грција залепи налепница на таблата на која го пишува новото уставно име на државата – Република Северна Македонија. Во рок од три дена Царинската управа треба да постави табли и на останатите гранични премини, државната граница на Република Северна Македонија и на двата аеродроми во Република […]

Документи со новото име граѓаните ќе добиваат откако МВР ќе направи набавка

февруари 11, 2019

Личните документи со новото име Република Северна Македонија, односно пасоши, лични карти, возачки дозволи … граѓаните ќе може да ги добиваат откако, Владата ќе го објави во Службен весник датумот на влегување во сила на Уставните амандмани и Уставниот закон. Протоколот од Атина се очекува да биде испратен денеска. На прашањето, кога граѓаните ќе почне […]

Заев и Ципрас ќе примат награда на Минхенската безбедносна конференција

февруари 1, 2019

Наградата „Ewald von Kleist“ на Минхенската безбедносна конференција, оваа година, ќе им биде доделена на Зоран Заев и Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, објави „Дојче Веле“ на грчки јазик. Претседателот на конференцијата, Волфганг Ишингер на неговиот официјален „Твитер“ профил на 25 јануари, кусо откако Договорот од Преспа беше ратификуван од грчкиот Парламент, напиша дека […]

Страна 1 од 6