fbpx

Обединетите нации бараат истрага по откривање на масовни гробници во болниците во Газа

Полковникот Јамен Абу Сулејман, директор за цивилна одбрана во Кан Јунис, тврди дека некои од телата биле пронајдени со врзани раце и нозе, и дека имало знаци на егзекуции на терен

-

Обединетите нации (ОН) повикуваат на „независна, ефикасна и транспарентна истрага“ за откривањето на масовни гробници во две болници во Газа, кои беа опколени и нападнати од израелските војници оваа година, пишува Си-ен-ен.

324 тела биле откриени оваа недела во медицинскиот комплекс Насер, во јужниот дел на Газа по повлекувањето на израелските сили од областа, а високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Турк, вели дека е згрозен од фотографиите.

„Со оглед на неказнивоста што преовладува, треба да се вклучат меѓународни истражители. Болниците имаат право на многу посебна заштита според меѓународното хуманитарно право. А намерното убивање на цивили, затвореници и други е воено злосторство“, кажа Фолкер Турк, високиот комесар на ОН за човекови права.

Полковникот Јамен Абу Сулејман, директор за цивилна одбрана во Кан Јунис, тврди дека некои од телата биле пронајдени со врзани раце и нозе, и дека имало знаци на егзекуции на терен.

„Не знаеме дали се живи закопани или егзекутирани. Повеќето од телата се распаднати“, рече Сулејман.

Неговите тврдења сè уште не можат да се потврдат.

Претходно, портпаролот на цивилната одбрана на Кан Јунис и шеф на мисијата за пребарување, Раед Сакр, изјавил за Си-Ен-Ен дека трагаат по телата на уште 400 исчезнати лица по заминувањето на израелската војска на 7 април.

Во врска со масовните гробници во медицинскиот комплекс Насер, израелската војска во вторникот рече дека „тврдењето дека израелската војска ги закопала палестинските тела е неосновано“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...