„Правиме букви“ – утре детска работилница за фонтови во „Бруталиск“

Децата ќе учат за историјата на типографија и писмо и први алатки и класификација на писма. Ќе имаат вежби со сечење со ножици букви од хартија, ќе склопуваат букви на шрафирани листови хартија и ќе цртаат букви

Фото: Бруталиск

Утре, в недела во 11 часот во КЦ Бруталиск се одржува бесплатна работилница за писма, фонтови и типографија за деца над шест годишна возраст. Под менторство на Небојша Гелевски – Бане, долгогодишен дизајнер, активист и предавач на Брејнстер академијата, посетителите ќе учат за буквите, нивната примена и изработка.

Работилницата е структуирана во неколку категории и вежби. Децата ќе учат за историјата на типографија и писмо и први алатки и класификација на писма. Ќе имаат вежби со сечење со ножици букви од хартија, ќе склопуваат букви на шрафирани листови хартија, ќе цртаат букви, а на крајот на работилницата добиваат дипломи за учество во работилницата, соопштуваат од Бруталиск.

Учеството е бесплатно, а пријавувањето може да се изврши на социјалните мрежи.

Културниот Центар Бруталиск се наоѓа на бул. Илинден 38 во близина на зградата на Владата.