fbpx

Постигнат цензусот за претседателските избори

Споредено со претседателските избори во 2019 година, излезноста до 17 часот е поголема за 7,19 отсто, а во споредба со првиот круг на претседателски избори 2024 за 0,01 отсто

-

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.

Процентот на излезност до 17 часот, како што соопшти првиот човек на ДИК, е од пристигнати податоци од 2.040 избирачки места со вкупно запишани 1.069.029 гласачи. Според Даштевски, до 17 часот гласале 452.412 гласачи или 42,32 отсто.

Најголема излезност до 17 часот е забележана во Општина Новаци – 66,47 отсто, а најмала во Општина Липково – 6,48 отсто.

Излезност до 17 часот / Принтскрин, ДИК

Споредено со претседателските избори во 2019 година, излезноста до 17 часот е поголема за 7,19 отсто, а во споредба со првиот круг на претседателски избори 2024 за 0,01 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...