fbpx

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Со синоќешната одлука, на која ѝ претходеше неколкучасовна расправа, се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување во седум избирачки места – шест во петтата и едно во шестата изборна единица

-

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај.

Со синоќешната одлука, на која ѝ претходеше неколкучасовна расправа, се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување на седум избирачки места – шест во петтата и едно во шестата изборна единица.

Според Изборниот законик, доколку одлуката за прегласување на едно избирачко место може да влијае на конечните резултатите од изборите, ДИК ќе организира повторно гласање 14 дена од одржувањето на изборите, па така прегласувањето се очекува да се случи в среда, на 22 мај.

Претходно, ДИК на својата 104 седница ги разгледа приговорите поднесени од политичките партии по одржување на парламентарните избори. Од вкупно 27 поднесени приговори, прифатени беа седум – шест во петтата (избирачки места: 1272 во Охрид, 1194 и 1202 во Крушево, 1844 во Струга и 1470 и 1470/1 во Долнени) и едно (2101 во Желино) во шестата изборна единица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...