недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: парламентарни избори | 162 резултати

За порталите 811 илјади евра од колачот за парламентарните избори

октомври 4, 2024

Вкупно 811.000 евра биле потрошени на парламентарните избори од страна на коалициите за да се рекламираат на повеќе од 150 интернет портали, покажуваат податоците на Државната изборна комисија кои Мета.мк ги доби по повеќемесечни обиди. Податоците ги баравме од сите релевантни институции – Државната комисија за спречување на корупцијата, ДИК, Министерството за финансии и Државниот […]

Австрија гласа на парламентарни избори, анкетите предвидуваат победа на екстремната десница

септември 29, 2024

Во Австрија денеска се одржуваат парламентарни избори на кои, според анкетите, најголеми шанси за победа има крајнодесничарската Партија на слободата (ФПО). Партијата пред пет години излезе од владината коалиција со конзервативната Народна партија поради корупциски скандал. Поранешниот министер за внатрешни работи и долгогодишен стратег на кампањата на ФПО, Херберт Кикл, цели кон тоа да стане […]

Само три проценти од парите за политичко рекламирање се исплатени на медиумите

септември 13, 2024

Државната изборна комисија во законски утврдениот рок, ги нема подмирено своите обврски во целост, односно заклучно со 23.08.2024 година има исплатено средства во износ од 7.824.013 денари (околу 127 илјади евра) што претставува само три отсто од вкупната обврска за платено политичко рекламирање, се вели во извештајот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) […]

Лабуристите по 14 години доаѓаат на власт во Велика Британија

јули 5, 2024

Конзервативците во Велика Британија по 14 години прогласија брутален пораз. На место на премиерот Риши Сунак од Конзервативната партија ќе дојде Кир Стармер, лидерот на Лабуристичката партија. Стармер е претседател на Лабурустичката партија од 2020 година, по професија адвокат, а во Парламентот во Велика Британија е од 2015 година. Бруталниот пораз на Конзервативците остави многумина […]

Француската републиканска партија сака да коалицира со крајнодесничарската партија на Ле Пен

јуни 12, 2024

Ерик Сиоти, претседателот на популарната француска десно-ориентирана партија „Републиканците“, најави дека би коалицирал со крајнодесничарската партија „Национален собир“ на предвремените парламентарни избори на крајот на месецот, пренесува Гардијан. Парламентарната лидерка на „Национален собир“, контроверзната Марин Ле Пен, која има претрпено два порази против претседателот Емануел Макрон на последните два претседателски избори, ја поздрави најавата на […]

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

мај 18, 2024

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај. Со синоќешната одлука, на која ѝ претходеше неколкучасовна расправа, се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување на седум избирачки места – шест […]

Во Македонија се спроведуваат демократски и непосредни избори, а не избори под окупација

мај 18, 2024

Во Македонија од нејзината независност па до денес, се спроведуваат демократски, слободни и непосредни избори. Никој во Македонија не може да спроведува избори под окупација, бидејќи тоа е противуставно, ниту па може да диктира кој да победи и кој да владее. Тоа е исклучиво одлука на граѓаните кои излегуваат на гласање. Лага е дека САД […]

Џафери: Спроведовме фер, демократски, европски избори

мај 10, 2024

Во прес-конференција на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери за работата на Владата изминатите сто дена под негово раководство, тој се осврна на успешниот изборен процес, кој се истакна како слободен, мирен, фер и демократски. „Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на двојните, претседателски и парламентарни […]

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

мај 9, 2024

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата на претседателските избори, како прва жена претседател во Македонија. Како што победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ стануваше сè поизвесна, и на претседателските и на […]

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

мај 8, 2024

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар – не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Димитар Ковачевски. Во својот говор по објавата на првичните резултати од парламентарните и претседателските избори, на кои актуелната владејачка партија […]

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

мај 8, 2024

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа изјава, Муцунски го коментира тоа што, и покрај малиот одѕив во вториот круг на претседателските избори во општини со мнозинство албански гласачи, цензусот е постигнат. […]

Гласачките кутии затворени, парламентарните избори со 7 отсто поголем одѕив од претседателските

мај 8, 2024

Излезноста на избирачките места ширум земјава на половина час пред да заврши изборниот процес била 53,36 отсто за парламентарните и 46,34 отсто за претседателските избори, покажуваат официјалните податоци достапни на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК). Ова значи дека одѕивот за парламентарните избори бил поголем за 7 отсто во однос на претседателските. Според податоците, од […]

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

мај 6, 2024

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на 8 мај, покажува извештајот на коалицијата „Твоја Македонија“ поднесен до Државниот завод за ревизија. Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската […]

ХДЗ освои најмногу гласови на хрватските парламентарни избори, но не и мнозинство во парламентот

април 18, 2024

Владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои 60 пратеничка места од можни 151 на вчерашните парламентарни избори во Хрватска, пренесува Гардијан. Ова се резултатите откако се изброија над 90 отсто од гласовите. На второ место се најде коалицијата „Реки на правдата“, предводена од Социјалдемократската партија (СДП), која освои 42 пратенички места. На чело на оваа […]

Ангажирани 320 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР за претстојните двојни избори

март 21, 2024

Вкупно 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права(ОДИХР) ќе бидат ангажирани за претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија на 24 април и на 8 мај, најави на амбасадорката на Канада Џилиан Стирк, која ќе ја предводи мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Долгорочните набљудувачи ќе бидат распоредени низ […]

Грковска: Изборните кампањи да бидат транспарентни, за да нема лажни вести и дезинформации

февруари 15, 2024

Вицепремиерка Славица Грковска напиша отворено писмо во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 24 април и на 8 мај, кои беа распишани вчера. Грковска во своето писмо истакнува дека е од огромно значење сите учесници во овој процес постојано да ги имаат предвид законите и етичките принципи при вршењето на своите активности. Таа дополни […]

Изборите распишани, партиите ќе најавуваат кандидати во следните две недели

февруари 15, 2024

По вчерашното распишување на претседателските и парламентарните избори, се очекува политичките партии да почнат со најавување на своите кандидати за двата изборни процеси. На 24 април ќе се одржи првиот круг на претседателските избори, а на 8 мај ќе се одржат парламентарните избори, заедно со вториот круг на претседателските избори. Државната изборна комисија (ДИК) од денеска […]

На тајванските претседателски избори победи Лаи Чинг-те, кој се залага за сувереноста на државата

јануари 13, 2024

Победник на вчерашните претседателски избори во Тајван е Лаи Чинг-те. Неговиот мандат ќе е трет последователен за Демократската прогресивна партија (ДПП), која се залага за сувереноста на Тајван, известува Гардијан. Се смета дека резултатот на изборите ќе доведат до повеќе тензија меѓу Тајван и Кина, која се залага за анексија на Тајван. Се очекува да […]

Илјадници протестираат со „црвени картони“ пред уставниот суд во Белград

декември 30, 2023

Продолжуваат протестите против резултатите на парламентарните и локалните избори во Белград на кои владејачката СНС прогласи победа, известува Радио Слободна Европа. Овој пат, граѓаните протестираат пред уставниот суд, со симболични „црвени картони“ в раце. Опозициската коалиција „Србија против насилство“ како и ОБСЕ тврдат дека имало нерегуларности на изборите на кои српската партија на власт СНС […]

Опозициската лидерка Мариника Тепиќ 12-ти ден штрајкува со глад

декември 29, 2023

Носителката на парламентарната листа на опозициската коалиција „Србија против насилството“, Мариника Тепиќ веќе 12 дена штрајкува со глад поради изборните измами што се случија за време на изборите одржани на 17 декември во Србија. Тепиќ сè потешко се движи, а ѝ пукаат и вените поради неопходноста постојано да прима инфузија, пишува весникот Данас. Денеска се […]

Страна 1 од 8