Гласачките кутии затворени, парламентарните избори со 7 отсто поголем одѕив од претседателските

Според податоците, од обработени 3.196 избирачки места, на парламентарните избори гласале 894.731 лице со право на глас, додека на претседателските своето гласачко право го оствариле 771.794 лица

-

Излезноста на избирачките места ширум земјава на половина час пред да заврши изборниот процес била 53,36 отсто за парламентарните и 46,34 отсто за претседателските избори, покажуваат официјалните податоци достапни на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК).

Ова значи дека одѕивот за парламентарните избори бил поголем за 7 отсто во однос на претседателските.

Според податоците, од обработени 3.196 избирачки места, до 18 часот и 30 минути на парламентарните избори гласале 894.731 лице со право на глас, додека на претседателските ова право го оствариле 771.794 граѓани.

За споредба, излезноста до 18:30 часот во првиот круг од претседателските избори што се одржа на 24 април изнесуваше 48,47 отсто, односно тогаш гласале 801.645 лица.

 

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...