понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Државна изборна комисија | 157 резултати

Избирачкиот список во сабота се отвора за увид и за запишување и бришење податоци

август 20, 2025

Граѓаните ќе можат да извршат увид и да направат промени во Избирачкиот список почнувајќи од сабота 23 август до 11 септември на полноќ. Како што информираат од Државната изборна комисија, граѓаните во овој период можат да побараат запишување, дополнување или бришење на податоците во изводите на Избирачкиот список. Тоа можат да го направат писмено до […]

И покрај одлуката на ДИК, Независни заедно и Зелен хуман град собираат потписи за формирање партии

август 11, 2025

Независните кандидати апелираат до граѓаните да дадат потписи и да им помогнат да формираат политички партии, бидејќи, според нив, тоа во моментов е единствениот сигурен начин граѓанските претставници да можат да учествуваат на локалните избори во октомври годинава. Советниците во Советот на Град Скопје од Зелен хуман град (ЗХГ) велат дека однесувањето на институциите создава […]

Платено политичко рекламирање со печатна грешка

август 7, 2024

Парламентарните избори завршија, министри и директори веќе дојдоа на новите позиции, се даде дури и првиот отчет за сработеното во 30 дена, а сè уште не е познато колку пари добија онлајн порталите за политичко рекламирање. Истражувањето на Мета.мк покажа дека кога станува збор за пристап до информации во врска со парите и исплатите се […]

Двојните избори сепак поскапи од поединечните во 2019 и 2020 година – дури 41 отсто од тендерите без оглас

јуни 10, 2024

Иако едно од образложенијата за организирање на двојни избори беше дека на тој начин ќе се заштедат парите на граѓаните, новото истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) покажа дека Државната изборна комисија (ДИК) за заедничките претседателски и парламентарни избори годинава потрошила 767 илјади евра повеќе отколку вкупно потрошените пари за претседателските и парламентарните избори […]

Гласачките кутии затворени, парламентарните избори со 7 отсто поголем одѕив од претседателските

мај 8, 2024

Излезноста на избирачките места ширум земјава на половина час пред да заврши изборниот процес била 53,36 отсто за парламентарните и 46,34 отсто за претседателските избори, покажуваат официјалните податоци достапни на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК). Ова значи дека одѕивот за парламентарните избори бил поголем за 7 отсто во однос на претседателските. Според податоците, од […]

Постигнат цензусот за претседателските избори

мај 8, 2024

Излезноста во вториот круг на претседателските избори до 17 часот е 42,32 отсто, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Процентот на излезност до 17 часот, како што соопшти првиот човек на ДИК, е од пристигнати податоци од 2.040 избирачки места со вкупно запишани 1.069.029 гласачи. Според Даштевски, до 17 часот гласале 452.412 […]

До 11 часот поголем број на гласачи на парламентарните, отколку на претседателските избори

мај 8, 2024

Поголем број на граѓани до 11 часот гласале на парламентарните, отколку на претседателските избори. Според податоците од Државната изборна комисија, 13,69 отсто гласачи гласале за избор на пратеници, додека 12,87 отсто за избор на претседател. На парламентарните избори досега гласале 244.325 гласачи. Најголем број во Изборната единица број 3, 17,59 отсто или 48.280, а најмалку […]

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

април 24, 2024

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има предност со 37,8 отсто од гласовите (197.741 гласови). Кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 18,66 отсто од гласовите (97.592 гласови). Трет според досега обработените гласови […]

ЗНМ: Претставка до ДИК за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Мета.мк

април 24, 2024

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) соопшти дека ќе достави претставка за попречување на работата на новинарката Мери Јордановска од Новинската агенција Мета.мк до Државната изборна комисија (ДИК). Претставката се однесува за непрофесионален однос на претставник на избирачкото место број 2762 во скопската општина Кисела Вода каде Јордановска беше спречена во извршување на својата професионална […]

Одѕивот на гласачите до 17 часот е за 9 отсто повисок од претходните претседателски избори

април 24, 2024

До 17 часот, според Државната изборна комисија, на претседателските избори гласале 397.612 лица, односно 44,18 отсто од обработените 1.788 гласачки места со вкупно 899.977 запишани гласачи. Најголема излезност има во Општина Новаци, над 67 проценти, а најмалку во Пласница, каде што околу 15 проценти од запишаните гласачи го оствариле своето право на глас. Од ДИК […]

Поднесени се 17 листи на пратеници за парламентарните избори

април 3, 2024

До Државната изборна комисија, заклучно со вчера на полноќ пристигнати се вкупно 17 листи на кандидати за пратеници за изборите за пратеници во Собранието кои ќе се одржат на 8 мај годинава. Листи на кандидати за пратеници за парламентарните избори во мај, доставиле СДСМ (Kоалиција за европска иднина), ВМРО- ДПМНЕ (Коалиција Твоја Македонија), ЗНАМ, РОДИНА, […]

Познат е редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче

март 25, 2024

Државната изборна комисија (ДИК) денеска преку жрепка го утврди редоследот на кандидатите на гласачкото ливче за претстојните претседателски избори. Прв на листата ќе биде актуелниот претседател и кандидат поддржан од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски. Под реден број два е кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – Гордана Силјановска-Давкова. Трет е Стевчо Јакимовски како кандидат на […]

Утре ждрепка во ДИК за редоследот на кандидатите за претседател

март 24, 2024

Државната изборна комисија (ДИК), утре ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на Северна Македонија. Ждрепката ќе се одржи во 12 часот во големата сала на 4 кат во ДИК. „Утре ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди за изборите за претседател, со […]

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

март 18, 2024

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти денеска Државната изборна комисија. „Исклучок од ова е пријавувањето на гласачите во дијаспората. Поради технички проблеми со интернет страницата www.dijaspora.sec.mk, кој траеше од 17 март […]

ДИК: Граѓаните да се проверат во Избирачкиот список, увидот трае до понеделник

март 15, 2024

Заклучно со вчерашниот ден, четврток, 14 март, вкупно 4.859 лица извршиле увид на своите податоци во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК), информираа од таму. Притоа, барање за промена на податоците поднеле седум лица, 19 поднеле барање за запишување на своите податоци, а 5 лица поднеле барање за бришење […]

На претседателските избори ќе може да се гласа со стар документ од јули 2023, а на парламентарните од август 2023

март 14, 2024

Државната изборна комисија известува дека согласно измените на Изборниот законик, во избирачкиот список се запишуваат сите граѓани со наполнети 18 години живот заклучно со денот на изборите кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија. Овие податоци за граѓаните се доставуваат до ДИК од страна на МВР. Согласно преодната одредба од измените на Изборниот законик […]

ДИК секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за кандидатите за претседател

февруари 24, 2024

Од утре, 25 февруари 2024 година, Државната изборна комисија на својата веб страна, секојдневно ќе информира за бројот на собрани потписи за секој од подносителите на иницијатива за кандидат за Претседател на Република Северна Македонија. „Државната изборна комисија еднаш дневно прави пресек на пристигнатиот број на потписи за секој подносител поединечно и истиот редовно се […]

Почна постапката за собирање потписи за листи за кандидат за претседател

февруари 23, 2024

Денеска започна постапката за собирање на потписи за листи на кандидат за Претседател на Република Северна Македонија, извести Државната изборна комисија (ДИК). Потписите на избирачите во постапката на кандидирање се собираат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија низ целата територија на државата. Работното време на подрачните канцеларии на Државната изборна комисија е […]

Двојните избори во мај ќе чинат 17 милиони евра, соопшти ДИК

јануари 24, 2024

Двојните избори кои ќе се спроведат во април и мај, државата ќе ја чинат речиси 17 милиони евра, соопшти потпретседателката на Државната изборна комисија (ДИК), Дитмире Шеху. Над шест милиони евра ќе чини организирањето на изборите – со обезбедување доверлив и недоверлив материјал, транспорт, паричен надоместок за избирачките органи, односно на членовите на општинските изборни […]

ДИК ги повика граѓаните да проверат дали се впишани во Избирачкиот список

декември 28, 2023

Државната изборна комисија (ДИК) ги повика сите граѓани на Република Северна Македонија да ги проверат своите податоци во Избирачкиот список. Граѓаните можат да извршат увид во своите податоци по електронски пат, на https://www.sec.mk/ или https://izbirackispisok.gov.mk/, или лично во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. Барањето за бришење, запишување или промена на податоци во Избирачкиот список се поднесува […]

Страна 1 од 8