
На саем во Куршумлија, Србија, се откорна дел од конструкцијата на вртелешка, при што се повредени тринаесет деца од кое едно потешко, пренесува српската РТС.
Тринаесетгодишно девојче се здобило со тешки повреди и е во животна опасност. Таа е испратена на лекување во Клиничкиот центар во Ниш, потврдила за РТС директорката на Здравствениот дом во Куршумлија, Уранија Петровиќ.
Таа изјави дека седум деца со повреди кои не се опасни по живот се испратени во болницата Прокупа на понатамошно лекување.
Пет деца се укажани во Здравствен дом Куршумлија и се упатени на домашно лекување.
Истрагата за причините за несреќата е во тек.