fbpx

Фотографија од погрешен човек објавена како да е од осомничен за убиството на малата Данка

Во повеќе објави на Фејсбук споделена е погрешна фотографија на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Србија. „Вистиномер“ се обрати кај Бранислав Јанковиќ и тој потврди дека неговата фотографија е злоупотребена, дека не е осомничен за убиството, туку е објавен по грешка

-

Во повеќе објави на Фејсбук споделена е погрешна фотографија на еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Србија. „Вистиномер“ се обрати кај Бранислав Јанковиќ и тој потврди дека неговата фотографија е злоупотребена, дека не е осомничен за убиството, туку е објавен по грешка и дека размислува да дали ќе ги тужи медиумите за штетата што му е причинета. Дел од српските медиуми каде првично беше објавена фотографијата, веќе се извинија за пропустот, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Во неколку медиумски објави и објави на социјалните мрежи, а кои се поврзани со случајот со убиството на двегодишната Данка Илиќ од Србија, објавени се фотографии од осомничените лица кои, според Министерството за внатрешни работи на Србија – го признале убиството. Според она што го објави Министерството за внатрешни работи на Србија, се работи за осомничените С.Ј. и Д.Д. вработени во јавното претпријатие „Водовод“. Во следните медиумски објави (овдеовдеовдеовдеовде, овдеовде и овде) објавени се фотографии од како што пишува – осомничените за убиството на Данка Илиќ.

Како што објавија српските медиуми, приведени и осомничени за убиството на двегодишната Данка Илиќ се Срѓан Јанковиќ од селото Лука и Дејан Драгојевиќ од селото Злот и ним им е одреден триесетдневен притвор.

Но, во сите објави коишто ги рецензираме, објавена е погрешна фотографија од еден од осомничените.

Имено, фотографијата на која се наоѓа човек во жолто-црна јакна, не е фотографија од осомничен за убиството на Данка Илиќ. На неа се наоѓа лицето Бранислав Јанковиќ, воопшто неповрзано со кривично-правниот настан, а чија фотографија е објавена по грешка.

„Вистиномер“ се обрати кај Јанковиќ и тој потврди дека неговата фотографија е злоупотребена, дека не е осомничен за убиството, дека е објавен по грешка и дека размислува да преземе правни чекори односно  дали ќе ги тужи медиумите за штетата што му е причинета.

Точно е дека сум објавен на фотографијата по грешка, за жал. Размислувам дали да тужам, изјави Јанковиќ за „Вистиномер“.

Дел од српските медиуми веќе се извинија за пропустот. Јавни извинувања се објавени барем на два портали, овде и овде.

Лилјана Јанковиќ, сестрата на Бранислав Јанковиќ, чија фотографија ненамерно е објавена како еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ од Бор, ги демантираше наводите дека нејзиниот брат има каква било врска со ова злосторство. Редакцијата на Курир се извинува на семејството Јанковиќ поради ненамерната грешка која е направена. Според зборовите на Лилјана, Бранислав не е вработен во „Водовод“ ниту има врска со исчезнувањето и со убиството на девојчето, а редакцијата на „Курир“ реагираше и веднаш ја отстрани неговата фотографија која по грешка ѝ беше проследена на нашата редакцијаобјави српски „Курир“.

Оваа дезинформација предизвикала големо вознемирување во семејството на Бранислав Јанковиќ.

Ние сме чесно семејство, брат ми е планинар а јас сум просветен работник. Сите силно се вознемиривме поради оваа ситуација, изјавила Лилјана за „Курир“.

Поради сите горенаведени факти, објавите што ги рецензираме ги оценуваме како делумно невистинити поради тоа што во сите објавена е фотографија од погрешен човек со тврдење дека е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Матура ќе се полага вo училишни холови, за да не се случи тестаторот да го нема, а учениците да прават селфи

Oколу 600 матуранти од средното медицинско училиште „Панче Караѓозов“ викендов полагаа пробна државна матура. Тие пишуваа есеј кој е задолжителен дел од испитот по мајчин јазик, а импровизираното полагање...