недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: убиство | 537 резултати

Во ова општество жената е оставена сама да докажува, да се штити и залудно да бара помош

март 8, 2026

Последната трагедија во која како резултат на семејно насилство починаа мајка и нејзината 6-годишна ќерка се случи во пресрет на 8 Март, Меѓународниот ден на жената кога традиционално се организира марш на кој главната порака е дека жените никаде не се безбедни и дека борбата за права и борбата против фемицидот и насилството врз жените не смее да остане само симболична

Два часа пред смртта на мајката и ќерката, полицијата била на лице место

март 3, 2026

И покрај тоа што сопругот Стојанче бил пријавуван за семејно насилство, имал и историја на тежок криминал, а полицијата дури и нашла видео запис од истиот ден на кој се гледа како ја удира починатата Ивана, државата не успеа да ги заштити мајката и детето

25 годишник убил жена во Челопек, се истражува дали извршил и други убиства

февруари 20, 2026

За една од потенцијалните жртви вчера беше наредена ексхумација и обдукција, од телото на починатата жена се подигнати траги и ДНК кои се вештачат, информираат во Обвинителството

Напаѓачот кој ги уби студентите на Универзитетот Браун го планирал нападот со месеци, велат од Министерството за правда

јануари 7, 2026

Клаудио Невес Валенте, 48, поранешен студент на Браун и португалски државјанин, беше пронајден мртов во магацин во Њу Хемпшир откако убил двајца студенти и ранил уште девет други во инженерска зграда на 13 декември

Расчистено убиство во гостиварско, поднесена кривична пријава

декември 12, 2025

Во службен разговор во полициска станица, Ѓ.В. признала дека нејзиниот сопруг С.М. со пиштол ја убил Х.А., а го посочила и местото каде е закопана. После тоа, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар во присуство на јавен обвинител извршија увид на местото во атар на село Неготино каде било пронајдено телото на Х.А

Жител на Просениково се обидел да си ја отруе сопругата со пестицид, Обвинителството отвори истрага

ноември 28, 2025

Тој ја фатил за главата и со шприц се обидел насилно да и вбризга во устата одредена течност, најверојатно пестицид. Жената почнала да го турка и да вика, а тоа го слушнале нивните две малолетни деца кои дошле од другата соба и се обидувале да ја одбранат мајка им

Страна 1 од 27