fbpx

Сторми Даниелс сведочеше во случајот против Доналд Трамп

Порно актерката вчера сведочеше пред поротата, опишувајќи го со неверојатни детали нејзиното наводно сексуално искуство со Трамп

-

Судијата во кривичната постапка против поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера го одби барањето за поништување на судењето на неговиот адвокат Тод Бланш, кој тврдеше дека сведочењето на порно ѕвездата Сторми Даниелс за нивната наводна афера во 2006 година, е нерелевантно и само ќе ги „разгори страстите на поротата“.

Даниелс вчера сведочеше пред поротата, опишувајќи го со неверојатни детали нејзиното наводно сексуално искуство со Трамп, пренесува Гардијан.

Судијата Хуан Мерчан ѝ дозволи на Даниелс да сведочи со предупредување дека обвинителите треба да ги избегнуваат сексуалните детали, иако порно актерката во неколку наврати детално ги опишуваше моментите од средбата со Трамп.

Трамп претходно се изјасни за невин по обвиненијата дека ги фалсификувал деловните записи за да ја прикрие исплатата на неговиот поранешен адвокат од 130.000 долари на Даниелс, за нејзиниот молк пред изборите во 2016 година.

Даниелс во своето сведочење го опишуваше растењето во сиромашно семејство во Луизијана, зборуваше за раните денови од нејзината кариера во индустријата за филмови за возрасни, како и за средбата со Трамп на голф турнир во 2006 година,

Наводната средба со поранешниот американски претседател таа ја опиша како консензуална, но непријатна, пренесува Ројтерс.

Адвокатите на Трамп побараа поништување на судењето, тврдејќи дека деталите на Даниелс служат само за да ја разгорат поротата. Судијата го одби барањето, но побара од обвинителите да го ограничат сведочењето на Даниелс.

„Има некои работи кои веројатно би било подобро да останат недоречени“, рече судијата Мерчан.

Даниелс сведочеше дека се согласила да биде интервјуирана за средбата со Трамп со магазинот „InTouch“ во 2011 година, бидејќи од таму ѝ понудиле пари. Подоцна истата година, побара блогот да ја избрише објавата за приказната, откако тврдеше дека на паркинг во Лас Вегас, маж ѝ се заканувал да молчи за Трамп. Кога Трамп ја започна својата кампања во 2015 година, Даниелс рече дека е отворена да ја раскаже својата приказна за да се заштити.

Трамп обвинет за давање мито на порно актерка

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...