fbpx

Трамп обвинет за давање мито на порно актерка

Плаќањето било легално, но Трамп наводно го евидентирал како деловен трошок

-

Доналд Трамп е на пат да биде првиот поранешен американски претседател кој ќе се соочи со кривичен прогон. Доцна синоќа беше објавено дека поранешниот американски претседател е обвинет за тајни плаќања на порно ѕвезди непосредно пред претседателските избори во 2016 година, пренесе Би-би-си.

Њујоршките обвинители ја истражувале исплатата на пари на порно актерката Сторми Даниелс, која тврди дека имала прељубничка врска со поранешниот претседател и дека била платена 130.000 долари за да молчи. Плаќањето било легално, но Трамп наводно го евидентирал како деловен трошок. Фалсификувањето деловни книги е нелегално во Њујорк.

Обвинителите, исто така, потенцијално би можеле да обвинат дека Трамп го прекршил и Изборниот закон, бидејќи неговиот обид да ги скрие исплатите на Даниелс бил мотивиран од тоа што не сакал гласачите да знаат дека имал афера со неа.

Сузан Нечелес, адвокатката што го застапува Трамп, потврди дека нејзиниот клиент треба да се појави на суд во вторник, а судија дополнително ќе одлучи дали обвинетиот ќе го ослободи со кауција или ќе го задржи во притвор. Трамп негира дека сторил нешто лошо велејќи дека обвинението е „политички прогон“.

„Тие го поднесоа ова лажно, корумпирано и срамно обвинение против мене само затоа што стојам со американскиот народ и тие знаат дека не можам да добијам фер судење во Њујорк!“, напиша тој на Truth Social.

Американските медиуми велат дека Трамп се соочува со повеќе од дваесетина обвиненија поврзани со бизнис измами иако тоа не е официјално потврдено.
Републиканците го квалификуваат обвинението како „огорченост“, додека демократите тврдат дека никој не е и не треба да биде над законот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...