вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: мито | 33 резултати

Обвинителство: Врховниот судија Георгиев бил фатен на дело со мито, Иџет Мемети е второосомничен

21 мај 2024

Случајот со апсењето на врховниот судија Наке Георгиев следело по претходна пријава од син на обвинет во предмет што се водел во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, информираа од Јавното обвинителство. Георгиев е уапсен, а донесена е наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано […]

На затворена седница на Судски совет се одлучува за имунитетот на врховниот судија Георгиев, уапсен за примање поткуп

21 мај 2024

По денешното апсење на врховниот судија Наке Георгиев, поради наводно примање поткуп од 10.000 евра, на полноќ заседаваше Судскиот совет во однос на тоа дали треба да му биде одземен имунитетот. На новинарите не им беше дозволено да ја следат седницата, односно јавноста беше исклучена поради заштита на угледот и интегритетот на судијата. За исклучување […]

Кривична пријава против вработена во СВР Скопје, примала мито од 12.500 евра

18 мај 2024

Поднесена е кривична пријава против 41-годишната И.М. од селото Буковиќ во скопската општина Сарај, а која била вработена во СВР Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела измама, информираше денеска Министерството за внатрешни работи (МВР). Полицијата постапувала по пријава од три оштетени лица, а вработената во СВР Скопје вчера била фатена во […]

Контраспин: Без трета опција шансите за прогрес на земјата се многу помали

10 ноември 2023

Конкурентноста е лек за многу проблеми во економијата, но и во политиката, лек кој може демократијата да ја направи пофункционална. Инсистирањето на доминација во пратеничкиот состав и доминација во власта, можеби носи механизам за побрзо носење одлуки, но исто така и опасност од автократија, пишува „Вистиномер“. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Претседателот […]

Затворски казни од по четири и 4 и пол години за Бобек Шуклев и Славе Ристевски од Економскиот факултет

7 септември 2023

Професорот Бобек Шуклев и неговиот колега Славе Ристевски од Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, се осудени со затворски казни во траење од по четири и пол и четири години, бидејќи барале пари од студентки за да им напишат оценки за положени испити за случајот познат како „Еразмус“. За три кривични дела е […]

Трамп обвинет за давање мито на порно актерка

31 март 2023

Доналд Трамп е на пат да биде првиот поранешен американски претседател кој ќе се соочи со кривичен прогон. Доцна синоќа беше објавено дека поранешниот американски претседател е обвинет за тајни плаќања на порно ѕвезди непосредно пред претседателските избори во 2016 година, пренесе Би-би-си. Њујоршките обвинители ја истражувале исплатата на пари на порно актерката Сторми Даниелс, […]

Германската амбасадорка не го посочи народот како главен виновник за корупцијата

16 декември 2022

Холштајн на прес-конференција по предавањето на донирана опрема за МВР зборуваше за корупцијата и потенцираше дека сите треба да научат како се води борбата против корупцијата, вклучително и граѓаните. Никаде во нејзината изјава таа не вели дека граѓаните се најголемиот виновник за корупцијата. Напротив, таа во почетокот на нејзината изјава се осврнува на поглавјето во […]

ЕП ја разреши Каили од потпретседателската функција поради аферата за корупција

13 декември 2022

Европскиот парламент (ЕП) денеска со 625 гласа „за“, 1 „против“ и 2 „воздржани“ денеска ја разреши потпретседателката на парламентот Ева Каили, по нејзиното приведување од белгиската полиција поради сомнежи за корупција, односно примање пари и подароци од организаторот на Светското фудбалско првенство во Катар, соопшти ЕП. Каили во ЕП влезе како независна пратеничка од Грција. […]

Внатрешната контрола на МВР работи на случајот со земање 20 евра мито по патник на „Блаце“

13 април 2022

Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши за ТВ21 изјави дека е уапсен началник на смена […]

Речиси сите полицајци од граничен премин во Косово уапсени во истрага за корупција

15 март 2022

Со лисици на рацете и на распит завршија 48 гранични полицајци и двајца цариници, по истрагата на косовскиот Полициски инспекторат во координација со Специјалното обвинителство која траеше 10 месеци. Според порталот KALLXO.com, уапсени се речиси сите припадници на граничната полициска станица Ѓаковица. Полицискиот инспекторат соопшти дека постои основано сомнение оти уапсените во овој случај се […]

Затворски казни до две и пол години за професори од Економски факултет Скопје

9 март 2020

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска беа изречени пресудите за четиримина професори и еден демонстратор од Економскиот факултет при УКИМ, кои беа обвинети за примање мито од студентите за преодни оценки во судскиот процес „Еразмус“. Професорите Славе Ристевски и Драге Јанев добија по две и пол години затвор, нивниот колега Бобек Шуклев доби две години […]

Заменикот-министер за здравство Муса поднесе оставка поради видеото на кое прима мито

15 октомври 2019

Заменикот-министер за здравство, Асим Муса денеска соопшти дека се повлекува од фунцијата, откако во медиумите беше објавена видеоснимка на која, наводно, тој зема мито од пациент од Албанија за хируршка интервенција. Снимката беше објавена во истражувачката емисија „Fiks Fare“ на албанската телевизија „Топ Ченел“, a „пациентот“ бил новинар од емисијата. -Донесов одлука да се повлечам […]

Јанева: Обврска ми е да комуницирам со осомничени, но не сум тргувала со влијание

9 август 2019

Првиот човек на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева (во оставка) денеска преку изјава објавена на веб-страницата на СЈО, порача дека имала многу разговори со осомничени, ама никогаш не го прекршила законот. Вели дека имала оправдана причина да му каже „не се секирај за ништо, сè ќе биде ок“ на осомничениот во случајот „Империја“ Јордан […]

Сачевалиев сведочеше дека го наведувал Заев

26 март 2018

Иван Николов Сачевалиев, главниот сведок во случајот „Поткуп“ против Зоран Заев на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1 сведочеше дека кога одел кај поранешниот градоначалник на Струмица опремен со камери, го наведувал обвинетиот Заев да изговара реченици за потребите на МВР и Обвинителството за организиран криминал, известува „СДК“. – Обвинетиот го снимав на закажаната […]

Притвор од 30 дена за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари

1 март 2018

Oсновното јавно обвинителство (OJO) Скопје соопшти дека јавен обвинител донел наредба за спроведување истражна постапка против советникот на градоначалникот на Општина Шуто Оризари поради примање мито и побарал да му се изрече притвор. Како што објавија медиумите, станува збор за Суад Мемеди. Според ОЈО Скопје осомничениот завчера во простории на општината примил претходно договорена награда во […]

Александар Чапаровски доби условна казна по обвинението за поткуп

27 февруари 2018

Поранешниот директор на скопската Клиника за неврохирургија, Александар Чапаровски, кој беше обвинет за поткуп, доби условна казна од една година, доколку во рок од две години не направи кривично дело. Чапаровски во мај минатата година беше пријавен за примање поткуп. Го пријавил родител на малолетно дете на кого директорот во својство на лекар му барал […]

МВР: Пријава за директорот на Клиниката за неврохирургија, зел поткуп од 1.000 евра

5 јуни 2017

Секторот за внатрешни работи Скопје поднел кривична пријава за примање поткуп против А.Ч. (57) од Скопје, лекар и директор на Клиниката за неврохирургија при Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“. Според скопската полиција, А.Ч. на 26 мај од татко на 13-годишна пациентка директно побарал 1.000 евра за издавање потврда дека Клиниката за неврохирургија не извршува хируршка […]

Директори на „Маѓар телеком“ казнети за давање мито на македонски политичари

24 април 2017

Поранешните директори на „Маѓар телеком“, Елег Штрауб и Андрас Балог, се спогодиле да платат парични казни, а добиле и петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, објави денеска Американската комисија за хартии од вредност, пренесува порталот „Нова“. Штрауб треба да плати 250.000  долари, а Балог 150.000 долари. – Директорите од […]

Санадер осуден на четири и пол години затвор за земање мито

7 април 2017

Поранешниот премиер на Хрватска, Иво Санадер, по четири години судење, денеска е осуден на четири и пол години затвор поради обвинението дека примил „провизија“ од 17 милиони куни, односно 2,3 милиони евра. Како што наведуваат хрватските медиуми, Санадер добил мито откако Министерството за регионален развој, со кое раководел Петар Чобанковиќ, во 2009 година купило зграда […]

Бизнисмените со предлог-мерки за унапредување на бизнис-климата

3 март 2017

Владеење на правото и елиминирање на митото и на корупцијата, квалитетна регулатива во чие подготвување активно ќе учествува и бизнис-заедницата, елиминирање на нелојалната конкуренција и изедначување на условите за работење на компаниите, зголемување на можностите за пристап до финансиски услуги и еднаков третман на домашните претприемачи и странските инвеститори, се дел од клучните препораки и предлог-мерки […]

Страна 1 од 2