fbpx

Јанева: Обврска ми е да комуницирам со осомничени, но не сум тргувала со влијание

-

Првиот човек на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева (во оставка) денеска преку изјава објавена на веб-страницата на СЈО, порача дека имала многу разговори со осомничени, ама никогаш не го прекршила законот. Вели дека имала оправдана причина да му каже „не се секирај за ништо, сè ќе биде ок“ на осомничениот во случајот „Империја“ Јордан Камчев, како што можеше да се слушне во аудио снимката од телефонскиот разговор меѓу Бојан Јовановски и Камчев во кој накратко се вмешува Јанева.

Таа смета дека објавувањето на снимките во италијанскиот медиум е всушност медиумска хајка против нејзе и против СЈО. Најави дека наскоро ќе обелодени десетина нови истраги во кои осомничени се „многу поранешни и сегашни функционери“.

„Како Специјален јавен обвинител моја обврска е да контактирам со сите осомничени како и со други лица во врска со кривичните постапки кои се водат во ова Јавно обвинителство и од сите нив да се обидам да извлечам што поголем број на инфорамции како би ја подобрила позицијата во контекст на осомничените за секоја истрага/предмет поединечно“, пишува Јанева.

Таа потенцира дека во никој случај и во ниеден момент не тргувала со никакво влијание, не ја злоупотребила функцијата и не постапувала спротивно на законот.

„Обвинител е секогаш обвинител, па и кога разговара со осомничени по телефон, а за ваква изјава во тој момент имаше оправдана причина“, вели Јанева.

Таа ги повикува истражните органи што е можно побргу да ја завршат истрагата, да ги приберат сите докази и да ги завршат сите форензички вештачења поврзани со случајот „Рекет“, за целосно расчистување на овој случај.

Јанева најави дека наскоро ќе бидат презентирани десетина нови истраги на СЈО по што „многу работи ќе станат појасни“. Вели дека токму тие истраги се основа за медиумска хајка против неа.

„Во тие истраги се осомничени и се надевам дека ќе бидат обвинети многу поранешни и сегашни функционери во власта и значајни личности во партиите, па од таму е јасно зошто некој со сите сили и со невидена медиумска хајка се обидува да го загрози мојот и кредибилитетот на СЈО како и на сите други обвинители, а со тоа се обидува да ги уништи кривичните предмети кои се водат во обвинителството. Се надевам дека тоа нема да се случи“, рече Јанева и вети отчет на сработеното откако сите обвинители од Јавното обвинителство ќе се вратат од одмор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...