fbpx

Заменикот-министер за здравство Муса поднесе оставка поради видеото на кое прима мито

-

Заменикот-министер за здравство, Асим Муса денеска соопшти дека се повлекува од фунцијата, откако во медиумите беше објавена видеоснимка на која, наводно, тој зема мито од пациент од Албанија за хируршка интервенција. Снимката беше објавена во истражувачката емисија „Fiks Fare“ на албанската телевизија „Топ Ченел“, a „пациентот“ бил новинар од емисијата.

-Донесов одлука да се повлечам од функцијата заменик-министер за здравство и да ја расчистам оваа импонирана дамка, стапица, против мене лично и мојата професија – истакна Муса на прес-конференцијата во Владата.

Муса тврди дека наседнал на стапица и на денешната прес конференција изјави дека станува збор за пари кои за интервенција треба да ги плати секој странски државјанин.

-Мојот искрен обид да им помогнам на пациентите се претвори во стапица за спектакл на медиумите, кои имаат намера да ја оштетат мојата професионална фигура. При постојаното барање на пациентот, го информирав дека интервенцијата за странски граѓанин, кој не е осигуран во нашата држава е приватна и го информирав за можниот износ на интервенцијата по неговото прашање за пакетот – рече Муса.

Тој обвини за медиумско дивеење. Претходно новинарите на „Фикс Фаре“, пак, рекоа дека почнале да го истражуваат Муса, откако до нив стигнале многу поплаки од пациенти кои тврделе дека докторот бара мито.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...