fbpx

ЕП ја разреши Каили од потпретседателската функција поради аферата за корупција

-

Европскиот парламент (ЕП) денеска со 625 гласа „за“, 1 „против“ и 2 „воздржани“ денеска ја разреши потпретседателката на парламентот Ева Каили, по нејзиното приведување од белгиската полиција поради сомнежи за корупција, односно примање пари и подароци од организаторот на Светското фудбалско првенство во Катар, соопшти ЕП.

Каили во ЕП влезе како независна пратеничка од Грција. Таа не е единствениот член на ЕП или вработен во парламентот што е предмет на истрагата во Белгија.

Разрешувањето се случи според член 21 од Деловникот на ЕП, а беше покренато утрово од Конференцијата на претседателите (Претседателот на ЕП и координаторите на пратеничките групи).

Вчера претседателката на ЕП, Роберта Мецола, на почетокот на пленарната седница се произнесе за случајот со официјална изјава, а потоа имаше координација со претседателите на парламентарните групи.

ЕП на пленарна седница, која почнува наскоро, ќе дискутира за сомнежите за корупција од Катар и пошироката потреба од транспарентност и отчетност во институциите на ЕУ и се очекува до четврток да изгласа резолуција.

Каили е една од четворицата уапсени и обвинети во Белгија поради наводите дека примале пари и подароци од организаторот на Светското фудбалско првенство.
Во операцијата на белгиската полиција бил приведен и таткото на Каили, кој потоа бил ослободен со кауција, додека пак нејзиниот имот и банкарски сметки се замрзнати од страна на грчките власти.

Каили како потпретседателка на ЕП беше одговорна за земјите од Персискиот Залив, а за време на нејзината скорешна посета на Катар, ја нарече земјата „лидер во правата на работниците“, иако со години јавноста ја потресуваа медиумските извештаи за грубо кршење на работничките права и експлоатација, а имаше и низа смртни случаи.

Каили се соочува со обвинение за корупција, перење пари и учество во криминална организација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...