Украина одбележува годишнина од рускиот масакр врз жителите на Буча

Буча стана симбол за руската бруталност врз Украина која започна со воената инвазија на 24 февруари 2022 година

-

За 33 дена окупација, повеќе од 175 луѓе беа пронајдени во масовни гробници и во комори за мачење во Буча, а беа извршени 9.000 руски воени злосторства. Ова е денешната порака која украинскиот претседател Володимир Зеленски преку Телеграм ја испрати по повод одбележувањето на годишнината од откривањето на рускиот масакр врз жителите на овој град во околината на Кијив, пренесува Гардијан.

Од денешна перспектива, Буча постана симбол за руската бруталност врз Украина која започна со воената инвазија на 24 февруари 2022 година. Украинските власти соопштија дека билансот на цивилни жртви во областите на Кијивскиот регион е 1.137, вклучувајќи 461 жители убиени само во градот Буча.

Руската агресија што започна на 24 февруари лани имаше за цел брза окупација на главниот град Кијив, но украинската војска поддржана од граѓаните даде силен отпор пред портите на главниот град. Руските сили успеаја привремено да окупираат само дел од предградијата на Кијив, меѓу кои беше и градот Буча.

Меѓународните истражители веќе собираат докази за руските воени злосторства извршени во Буча и на други места, за кои Украина вели дека руските трупи ги извршиле за време на инвазијата што започна на 24 февруари 2022 година. Москва ги негира наводите.

Една година по ослободувањето на градот Буча од украинските сили, агенцијата Ројтерс во својата репортажа открива дека денес Буча е полн со живот, опишувајќи ги звуците на градежните машини за обнова на градот и младите семејства кои се вратиле да живеат во него.

Буча и денес има лузни од војната, кои се забележливи преку оштетувањата на дел од објектите и по отпадот од автомобили и воени возила уништени за време на минатогодишните борби.

Градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук вели дека жителите се желни да затворат длабоко болно поглавје.

Тој вели дека „во срцето, душата и умот на секој жител на Буча е она што го направиле Русите и го оставиле по нив“.

Наспроти обновата на Буча, воените дејствија продолжуваат во источните и јужните делови на Украина. Руски ракетни напади имало изминатово деноноќие во Херсонскиот регион, при што бил убиен еден цивил и двајца биле ранети, пренесува Укринформ. Русите само во еден ден во 64 наврати ги гаѓале населените места од овој регион, а градот Херсон бил погоден со ракети девет пати.

Цел на ракетни напади изминатава ноќ бил и Запорижја, каде инфраструктурен објект бил оштетен во предградијата на овој град. Во рускиот напад биле погодени и куќи за домување, јавува Укринформ.

Руски ракетни напади имало и врз Харкив, при што биле погодени куќи за домување и два автомобила. Шест ракети биле истрелани од противвоздушен систем С-300, но за среќа нема податоци за загинати и повредени лица во нападите.

Израел ослободи повеќе од деведест Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим, според податоците...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Израел ослободи повеќе од деведест Палестински затвореници по договорот за прекин на огнот

Деведесет палестински затвореници беа ослободени утрово како дел од договорот за прекин на огнот. Ослободените од израелските затвори вклучуваа 69 жени и 21 тинејџер од Западниот Брег и Ерусалим,...