fbpx

Сиљановска со двојна предност пред Пендаровски, ВМРО-ДПМНЕ со тројна предност пред СДСМ

На парламентарните избори, само во шестата Изборна единица во водство е коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Во сите останати пет изборни единици во големо водство е коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ

-

Од обработените 50 отсто од резултатите на вториот круг претседателски избори и од парламентарните избори, може да се заклучи дека досегашната владејачка СДСМ доживува катастрофален пораз.

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова, според обработените 50 проценти од избирачки места, има 235.552 гласови (63,42%), додека кандидатот поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски има 111.703 гласови (30,07%). Пендаровски има водство единствено во Крушево, Чашка, Студеничани, Липково, Арачиново, Теарце, Желино, Врапчиште, Боговиње и Дебар. 

Принтскрин, ДИК

На парламентарните избори, само во шестата Изборна единица во водство е коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ. Во сите останати пет изборни единици во големо водство е коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Коалицијата „За европска иднина“ предводена од СДСМ има 58.198 или 12,99% од гласовите, додека „Твоја Македонија“ има 172.592 или 38,52% од гласовите.

Коалицијата „Европски фронт“ има 80.398 гласови (17,94%), додека коалицијата ВЛЕН има 66.914 гласови што е 14,93% од обработените гласачки места.

Левица има 28.426 гласови (6,34%), додека движењето ЗНАМ 20.778 или 4,64% од обработените гласачки места.

Принтскрин, ДИК

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...