fbpx

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници на армиската единица „Волци“, додека се движеа меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат

-

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници на армиската единица „Волци“, додека се движеа меѓу тетовските села Селце и Вејце. Нивните тела беа масакрирани и запалени на планинскиот пат.

Шестмина преживеаја, бидејќи биле во последното возило од колоната. Повредени, успеале да се извлечат и да јават за масакрот.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска се обрати на настан на покана од Здружението на членовите на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија – „Херои на Македонија 2001-2015“ по повод чествување во сеќавање на загинатите бранители во настаните Вејце и Шипковица во 2001 година.

Тој им оддаде почит на загинатите, а на нивните семејства им порача дека никогаш нема да бидат заборавени.

„Нашата татковина е создадена и опстојува благодарение на храброста, непокорот и пожртвуваноста на нашите бранители-херои. За мирот и спокојот што денеска го имаме ним им должиме и им се поклонуваме. Тие се великаните кои ја променија историјата и оставија светол пример за идните генерации. Нивните имиња остануваат вечно врежани во колективната меморијата на македонскиот народ. Нивниот ведар дух, посветеност и професионалност нивните херојски дела оставија траен белег врз нашите животи, за што денеска и секогаш со гордост и пиетет зборуваме и се сеќаваме“, рече Бојмацалиев.

Во масакрот кај Вејце, животите ги загубија Роберт Петковски (27) од Скопје, Бобан Трајковски (28) од Куманово, Игор Костески (26) од Скопје, Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица, Марјан Божиновски (27) од Битола, Илче Стојановски (24) од Битола, Кире Костадиновски (24) од Битола и Бошко Најдовски (24) од Битола.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Го прекрши ли Силјановска Давкова Преспанскиот договор – реакции од меѓународната заедница

Меѓународната јавност и дел од домашните политички актери јавно реагираа откако на денешната инагурација, новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова, во заклетвата не го кажа уставното име на државата. Ваквиот...