Учениците од утре на пролетен распуст

Распустот ќе трае 8 дена, а учениците ќе се вратат во училишните клупи на 7 мај

Фото: Image by Juraj Varga from Pixabay

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат на 7 мај (вторник).

Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе во македонското образование, има промена и во наставниот календар за основците, па така, учебната година за нив ќе заврши на 17 јуни, додека средношколците последниот час ќе го имаат на 10 јуни.

Училиштата нема да работат на 8 мај (среда) поради одржување на парламентарните и вториот круг од претседателските избори.

Според најавата од Министерството за образование и наука, наставата од двата неработни дена поради изборите ќе биде надоместена и одработена во работни денови со подолг престој на учениците во училиштата.

Дополнително, училиштата во Скопје треба да надоместат и за пропуштената настава поради одржувањето на Самитот на ОБСЕ на 30 ноември минатата година.