Средношколски самит за кариерен развој в понеделник во Скопје Сити Мол

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе бидат опфатени темите за важноста на неформалното образование и континуираното учење

фото: Devin Avery на Unsplash

Во понеделник, на 22 април, во „Синеплекс“ во трговскиот центар Скопје Сити Мол ќе се одржи Средношколски самит за кариерен развој. Настанот ќе започне во 17 часот, а е во организација на „Growth Labs Academy“ во соработка со Сојузот на средношколците на Македонија.

Организаторите најавуваат дека на настанот ќе бидат опфатени темите за важноста на неформалното образование и континуираното учење, за тоа како средношколците да ја изберат својата идна професија и како да започнат кариера со креирање на силен персонален брендинг.

Предвидена е и панел-дискусија на која фокусот ќе биде ставен на правилното насочување на младите за да имаат кариерен успех во иднина.

Присуството на настанот е бесплатно, а пријавувањето се врши на овој линк.