среда, 12 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: сојуз на средношколци | 78 резултати

Младите ги користат социјалните мрежи за четување и видеа, ама не и за општествен активизам

21 јуни 2023

Споделување на видеа од пребрзо возење на автомобили или мотори, од опасни предизвици како што е качувањето на тинејџери по железнички вагони или од глорифицирање на меѓусебни врснички тепачки или насилници. Вакви не толку забавни, а повеќе опасни видеа постанаа речиси секојдневие што може да се погледне на социјалните мрежи кај нас и го поставуваат […]

Берин Мухамед е новиот лидер на средношколците

11 јуни 2023

Берин Мухамед, ученик во втора година во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, е новиот претседател на Сојузот на средношколци. Тој беше избран денеска од делегатите на Третиот конгрес на Сојузот. Негов противкандидат беше Ива Трпески, ученичка во средното училиште „Мирко Милески“ во Кичево, која добила 46 отсто од гласовите, наспроти Мухамед, со 54 отсто. Новиот […]

Средношколците можат да се возат бесплатно во ЈСП и за време на летниот распуст

9 јуни 2023

Средношколците кои ги исполнуваат условите за користење на бесплатен јавен превоз и оваа година ќе имаат право бесплатно да се возат во автобусите за време на летниот распуст, информираше ЈСП Скопје. Како што велат од ова претпријатие, правото на бесплатен превоз за време на претстојниот распуст е согласно Програмата за активностите на Град Скопје од […]

Сојузот на средношколци со иницијатива до Уставниот суд за бесплатниот јавен превоз

6 јуни 2023

Право на бесплатен и праведен јавен превоз за сите средношколци, побара денеска Сојузот на средношколци, поднесувајќи иницијатива до Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на членот 41 а од Законот за средното образование. Лука Павиќевиќ, претседател на Сојузот на средношколци рече дека сегашните одредби се косат со членовите 9 и 44 од Уставот, […]

Сојуз на средношколци: Ученичкиот глас е многу важен за граѓанското општество

19 мај 2023

Бидејќи сè уште Собранието ги нема донесено нашите предложени измени на Законот за средното образование за воведување на средношколска демократија, Сојузот на средношколци како членка-кандидат се обрати до Организирачкото биро на европските средношколски сојузи (OBESSU), т.е. до европската организација на средношколци. Нашите европски партнери и соработници кон нас упатија писмо за поддршка, соопштуваат во Сојузот. […]

Сојуз на средношколци: Нашите предлози околу менталното здравје се прифатени и преточени во владините препораки

17 мај 2023

Сојузот на средношколци информираше дека нивните четири-предлог мерки за подобрување на состојбата со менталното здравје на средношколците се прифатени од страна на Министерството за образование и наука (МОН). Ова го констатирале по вчерашната прес-конференција на министерот за образование Јетон Шаќири, на која тој ги презентираше десетте препораки на Владата околу менталното здравје на учениците и […]

Сојуз на средношколци: Државата има законска обврска да ја спроведе државната матура во предвидениот рок

12 мај 2023

Одржувањето на државната матура е законска обврска и оттука македонската држава е должна истата да ја спроведе во законски предвидениот рок, реагира Сојузот на средношколци откако вработените во Државниот испитен центар (ДИЦ) вчера најавија дека ќе продолжат со штрајкот, со што одржувањето на матурата во предвидениот рок се доведе до прашање. Средношколскиот сојуз вели дека […]

Граѓанскиот сектор скептичен за реализирање на најавената забрана на ТикТок

10 мај 2023

Граѓанското општество во земјава е скептично во врска со најавената забрана на социјалната мрежа ТикТок од страна на властите. Актерите на граѓанското општество со кои разговараше Порталб.мк велат дека таква забрана е тешко изводлива. Тие велат дека е потребна едукација и превентивни мерки од страна на властите за можните опасности. Сојузот на средношколци има резерви […]

Средношколците бараат собраниските пратеници да им овозможат бесплатен јавен превоз

13 април 2023

Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија (ССРСМ) информираше дека на 13 март до Собранието доставил предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средно образование во однос на потребата од праведен и бесплатен јавен превоз за сите средношколци. Сојузот потсетува на тогашното укажување дека ако во рок од 2 месеца, односно до 13 мај […]

Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од МОН

28 март 2023

На својата вонредна седница одржана вчеравечер, Генералното собрание на Сојузот на средношколци го прифати компромисот понуден од страна на Министерството за образование и наука (МОН) околу државната матура, соопштија денеска од Сојузот, информирајќи дека успешно е постигнат договор за ова прашање. Според договореното, државната матура ќе биде приспособена на состојбата во образованието и ќе биде […]

Средношколците и МОН постигнаа компромис околу државната матура

27 март 2023

Три од четирите барања на Сојузот на средношколци се прифатливи за Министерството за образование и наука (МОН), соопшти денес претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, по средбата што попладнево ја имаа со министерот Јетон Шаќири. Павиќевиќ кажа дека не е прифатено единствено барањето за поместување на датумот за полагање на првиот екстерен испит од 27 мај […]

Матура да се полага на 3 јуни наместо на 27 мај, бара Средношколскиот сојуз

17 март 2023

Полагањето на првиот екстерен испит да се одржи на 3 јуни наместо на 27 мај, бараат претставниците на Сојузот на средношколци. Оттаму сметаат дека оваа промена треба да се однесува само на првиот екстерен испит, односно сите останати испити да си останат во веќе предвидените датуми. Денеска се одржала седница на Генералното собрание на Сојузот, […]

Сите средношколци да се возат бесплатно во автобус, бара Средношколскиот сојуз

13 март 2023

Сојузот на средношколци денеска достави предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование до Собранието, со кој бара сите ученици кои се запишани во јавните и приватните средни училишта, да можат да се возат бесплатно во јавниот превоз. „Во државата има 71.000 средношколци. Од нив, 2.000 учат во приватните училишта. Ние бараме бесплатен […]

Матурантите бараат кратење на материјалот за учење за матура или еден предмет помалку

13 март 2023

Да се намали обемот на материјалот предвиден за полагање на матура или да се изостави еден интерен предмет, бараат средношколците кои се дел од Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС). Ова бил заклучокот од дебатата организирана викендов на тема „Државна матура 2023: Што велат матурантите?“. Учениците бараат да се скрати материјалот заради дојавите […]

Сојузот на средношколци со Резолуција изрази солидарност и бара акција за војната во Украина

25 февруари 2023

По повод одбележувањето на годишнината откако Русија ја започна воената агресија против Украина, Сојузот на средношколци, заедно со Делегацијата на Европската Унија, вчера го одржаа настанот „Интеграција на учениците и студентите бегалци во образовниот систем“, на кој се дискутираше за влијанието на војната врз украинското културно наследство и образовен систем, информираат од Сојузот на средношколци. […]

Сојузот на средношколци бара решавање на проблемот во Математичко-информатичката гимназија

31 јануари 2023

Побрзо да се реши проблемот во Математичко-информатичката гимназија бидејќи е апсурдно учениците од ова училиште да имаат по само еден до два часа дневно, реагира Сојузот на средношколци. Од таму велат дека непречениот образовен процес е уставно и законско право она секој ученик и државата истото мора да го почитува и запазува, како и дека […]

Павиќевиќ: Дојавите за бомби нарушија дури 10 наставни недели од првото полугодие

30 јануари 2023

Вкупно 10 работни недели од првото полугодие биле нарушени поради лажните дојави за поставени бомби, а повеќето училишта не ги надоместија пропуштените часови и не го поминаа материјалот. Ова вчера го утврдиле делегатите на генералното собрание на Сојузот на средношколци. Како што вели претседателот на Сојузот, Лука Павиќевиќ, покрај лажните дојави и пропуштената настава, тие […]

Средношколците разочарани оти не ги добија ветените производи за менструална хигиена

28 декември 2022

Сојузот на средношколци со жалење констатира дека средношколките во Скопје оваа година не ги добија ветените бесплатни производи за менструална хигиена. Иако оваа мерка беше широко поддржана од целокупната јавност, таа не се спроведе во текот на 2022 година, наведено е во реакцијата од Сојузот. „Многупати се случувало средношколките сами да се организираат за да […]

Павиќевиќ: Дојавите за бомби го нарушуваат менталното здравје на учениците

17 ноември 2022

Mенталното здравје кај учениците веќе е нарушено затоа што дојавите на бомби создаваат тензија, вели за „Слободен печат“ Лука Павиќевиќ, претседателот на Сојузот на средношколци. Тој упати апел до надлежните институции што е можно побрзо да го најдат сторителот кој стои зад овие пријави, без оглед дали истиот е од Македонија или странство. „Покрај учениците, […]

Сојузот на средношколци и НАкС со поддршка за студентските барања

15 ноември 2022

Сојузот на средношколци изрази јавна поддршка за студентските собранија и им ја честиташе, како што велат, вчерашната победа, апелирајќи да се размислува за изнаоѓање на системско решение на субвенционираниот студентски оброк налик на применуваниот модел во европските земји. Од таму велат дека освен финансиската, важна улога мора да играат и нутритивната и економската димензија. „Понатаму, […]

Страна 1 од 4