fbpx

Светските лидери се собираат во Швајцарија на мировен самит за Украина

Владимир Путин вчера од Киев побара да отстапи повеќе територија, да ги повлече војниците подлабоко во земјата и да се откаже од кандидатурата за НАТО, со цел да заврши војната во Украина. Планот на Зеленски, пак, предвидува целосно повлекување на руските трупи од Украина и враќање на нејзините постсоветски граници од 1991 година

-

Повеќе од 100 лидери, меѓу кои потпретседателката на САД, Камала Харис и претседателите или шефовите на земјите од ЕУ, Јужна Америка, Блискиот Исток и Азија, денеска ќе се соберат во Швајцарија за еден од најамбициозните обиди досега да се создаде мировен план за Украина.

На дводневната мировна конференција, која ќе се одржи во луксузното одморалиште Бургеншток надвор од Луцерн, ќе се разговара за предложениот план од 10 точки на Киев за ставање крај на војната, но и за нуклеарната закана, безбедноста на храната и хуманитарните потреби во Украина, јави Гардијан.

Самитот доаѓа откако лидерите на земјите од Г7 во Италија склучија нов договор за заем од 50 милијарди евра за Украина, преку користење на неочекуваните профити од каматите на средствата на руската централна банка што беа замрзнати од ЕУ и другите западни држави по руската инвазија врз Украина.

Конференцијата се случува и откако рускиот претседател Владимир Путин вчера од Киев побара да отстапи повеќе територија, да ги повлече војниците подлабоко во земјата и да се откаже од кандидатурата за НАТО, со цел тој да ја заврши војната во Украина.

Предлозите на Путин беа отфрлени од Украина, САД и НАТО.

Се очекува заедничкото коминике од конференцијата да биде фокусирано на важноста на принципите на ОН за одржување и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет.

Од друга страна, мировниот план на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој на конференцијата ќе ја бара меѓународната поддршка, предвидува целосно повлекување на руските трупи од Украина и враќање на нејзините постсоветски граници од 1991 година.

На самитот во Швајцарија нема да учествува Кина, потег поради кој Зеленски го обвини Пекинг дека ѝ помага на Москва да ја поткопа средбата, што кинеското Министерство за надворешни работи го негираше.

Кина, која има блиски врски со Русија, рече дека нема да присуствува на конференцијата бидејќи не се исполнети нивните барања, кои вклучуваа и учество на Русија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...