fbpx

МНР: Избраните функционери да го почитуваат договорот од Преспа

Повикуваме на внимателност од страна на сите политички чинители, посебно на избраните државни функционери, пишува во соопштението на МНР

-

Министерството за надворешни работи (MНР) ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби како и сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, познат како Договорот од Преспа. Ова е наведено во соопштението испратено од МНР, во кое повикуваат на внимателност од избраните државни функционери.

„Изминативе седум години, двете соседни земји развија исклучително високо ниво на политички дијалог, кое резултираше и со неколкукратно зголемување на економската соработка и изградбата на позитивни врски меѓу луѓето. Овие придобивки резултираа со членството на земјата во НАТО, Отворање на преговорите со Европската Унија, како и со надградба на Стратешкото партнерство во Стратешки дијалог со САД. Задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата“, стои во соопштението на МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Приведен жител на радовишко, не застанал на знак за запирање и се обидел да удри во полицаец

Ноќеска околу 2 часот на автопатот А1, во близина на село Мрзенци, гевгелиско, полициски службеници го лишиле од слобода 43-годишниот Б.К. од радовишкото село Злеово. Половина час претходно, на регионалниот...