fbpx

„Фотошопирана“ стара фотoграфија се споделува како нова за да се нападне Преспанскиот договор

Вистиномер го провери тврдењето дека кроасаните „севен дејс“ се продаваат без кодот „мк“ во делот на декларацијата напишана на македонски јазик и утврди дека такво нешто нема

-

Фотографијата која се споделува не е нова, како што сака да прикаже објавата која ја анализираме и уште помалку има некаква врска со Преспанскиот договор. Истата се споделувала на социјалните мрежи уште во 2016 година. Вистиномер го провери тврдењето дека кроасаните „севен дејс“ се продаваат без кодот „мк“ во делот на декларацијата напишана на македонски јазик и утврди дека такво нешто нема, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Објава на социјалната мрежа Threads тврди дека грчките производи во Македонија се увезуваат со празно поле за јазик. Објавата споделува фотографија од кроасан „Севен дејс“ и тврди дека на производот го нема кодот „мк“ во делот напишан на македонски јазик, нагласувајќи притоа дека за тоа е „виновен“ Преспанскиот договор. Објавата може да се најде и на Фејсбук.

Ова ли е тој Преспански договор: Грчките производи во Македонија се увезуваат со празно поле за јазик, стои во објавата.

Нашата проверка покажа дека оваа фотографија не е нова и истата може да се најде и во 2020 и во 2016 година како циркулирала на социјалните мрежи со истото тврдење.

Така, на пример, во објава од 2020 година на социјалната мрежа Фејсбук, фотографијата била споделена со следниот натпис:

#Следиме декларација на () јазик

Во објавата на Фејсбук од 2016 година се вели:

7Days ја брише МК ознаката. 7Days е грчки производ.

 

Значи станува збор за фотографија споделувана две години пред да биде потпишан Преспанскиот договор меѓу С. Македонија и Грција. Договорот беше потпишан на 17 јуни 2018 година.

Вистиномер беше во обиколка на маркетите со цел да видиме дали прозиводите на „Севен дејс“ кроасаните се продаваат без кодот „мк“ во делот каде декларацијата е напишана на македонски јазик. Такво нешто не најдовме. Кодот „мк“ го имаше на производите.

Согласно членот 1 од Договорот од Преспа:

Кодот за земјата на регистарските таблички на возилата на Втората страна ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, како што е официјално определено од Меѓународната организација на стандардизација (ИСО). 

Фотографијата која се споделува не е нова, како што сака да прикаже објавата која ја анализираме и уште помалку има некаква врска со Преспанскиот договор. Истата се споделувала на социјалните мрежи уште во 2016 година. Вистиномер го провери тврдењето дека кроасаните „Севен дејс“ се продаваат без кодот „Мк“ во делот на декларацијата напишана на македонски јазик и утврди дека такво нешто нема. Напротив, на производите го има кодот „мк“. Поради сето ова, објавата ја оценуваме како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Минчев, поради злоупотреби, најави укинување на балансерот

Министерот за јавна администрација Горан Минчев најави укинување на балансерот. Како причина за ова, тој рече дека балансерот во минатото бил предмет на злоупотреби. „Имавме случаи каде етнички Македонци се...