fbpx

Франција не испратила свои трупи во Украина

Предупредување за лажна вест – напишаа од Министерството за надворешни работи на Франција во соопштение објавено на нивниот профил на Икс

-

Министерството за одбрана на Франција демантираше дека испратиле свои трупи во Украина, откако почнаа да се шират дезинформации на оваа тема на социјалните мрежи поттикнати од руски извори и нивни пропагандисти, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува фотографија која е создадена со алатка за манипулација на фотографии и на која се гледа симболот на Париз – Ајфеловата кула, „пресечена“ на половина. Во склоп на фотографијата пишува дека тоа се случило „откако Франција испратила свои трупи во Украина“.

Како што пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед прес, француското Министерство за надворешни работи во соопштение на социјалната мрежа Икс, посочи дека Франција не испратила трупи во Украина и дека се работи за дезинформација.

Предупредување за лажна вест – напишаа од Министерството за надворешни работи на Франција во соопштение објавено на нивниот профил на Икс. Во нивната информација се цитираат постови од блог од 3 мај годинава од Стефан Брајен, потсекретар за департментот за одбрана за време на администрацијата на Реган.

Во објавата на неговиот блог нема извор на кој што се атрибуира ваквото тврдење. Брајан потоа објави нов текст на својот блог каде признава дека „можеби згрешил“ за наводното испраќање на војници од страна на Франција во Украина. Најраните извори кои ги цитира Брајан за тоа дека „Франција испраќа трупи во Украина се од 12 април, односно тоа е текст од руски сајт за вести за војската. Но на тој сајт пишува дека „информацијата ниту можат  да ја потврдат ниту да ја демантираат“, а потекнала од руски Телеграм канал на руски новинар кој кажал дека информацијата е непотврдена,  пишуваат проверувачите на факти на Асошиејтед Прес.

Украинските медиуми го опишуваат Брајан како „руски пропагандист“, а во текстовите кои ги потпишува тој честопати го користи антизападниот наратив.

Министерството за надворешни работи на Франција експлицитно негира дека испратило француски војници да се борат во војната што Русија ја почна во Украина.

Дезинформациската кампања за француската поддршка за Украина е поактивна од било кога. Да погледнеме. Франција не испратила трупи во Украина, демантираше Министерството за одбрана.

Емануел Макрон во интервју изјави дека не ја исклучува можноста да испрати трупи во Украина, после што следуваше оваа дезинформациска кампања. Меѓутоа, Макрон не обзнани испраќање на трупи од француската војска.

.И проверувачите на факти на српски Истиномер, пишуваат дека нема докази оти биле испратени трупи на Франција во Украина.

 Легијата на странците , за чии припадници се шпекулира дека се на некои подрачја во Украина, е формирана во 1831 година, од 20-тиот век е со седиште во предградие на Марсеј а во последните десетина години има неколку привремени бази во Африка

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Минчев, поради злоупотреби, најави укинување на балансерот

Министерот за јавна администрација Горан Минчев најави укинување на балансерот. Како причина за ова, тој рече дека балансерот во минатото бил предмет на злоупотреби. „Имавме случаи каде етнички Македонци се...