Четири лица загинаа во судир на два воза во Чешка

Чешката државна телевизија објави дека возот носел повеќе од 300 патници, од кои голем дел биле странски државјани

-

Четири лица починаа, а 26 се повредени откако патнички и товарен воз се судрија во чешкиот град Пардубице, пренесе Гардијан.

Несреќата се случила вчеравечер на околу 60 километри западно од градот.

Чешката државна телевизија објави дека возот носел повеќе од 300 патници, од кои голем дел биле странски државјани.

Премиерот на Чешка, Петр Фиала изрази сочувство на социјалната мрежа „Х“, велејќи дека несреќата претставува голема катастрофа.

За време на спасувачката акција биле распоредени девет комбиња на брза помош, два хеликоптера и повеќе од 60 пожарникари.

Патничкиот воз бил упатен кон западниот украински град Чоп близу до границата со Словачка.

Чешкиот министер за транспорт, Мартин Купа изјави дека е во тек истрага за несреќата.

Градот Пардубице беше место и на најлошата несреќа на чешката железница – во 1960 година, 118 лица загинаа, а околу 100 завршија со повреди по судир на два патнички воза.

Македонија и Србија испитуваат можности за гасно поврзување

Македонија и Србија ќе ги испитуваат можностите за спојување со гасен интерконектор, кој треба ќе биде една нова директна врска меѓу од Јужниот гасен коридор на ЕУ и Трансбалканскиот...