Четворица кандидати за нов претседател на СДСМ – денеска истекува рокот

Александар Бајдевски е четвртиот кандидат за лидер на социјалдемократите, кој својата кандидатура ја поднесе денеска во седиштето на партијата. Бајдевски е актуелен заменик-министер за информатичко општество и администрација, а во минатото извршуваше повеќе јавни функции под ингеренции на Владата

-

Рокот за поднесување на кандидатури за нов претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) истекува денеска. Постапката за пријавување на повикот што го објави партијата започна на 31 мај, а право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и „високите вредности, морални и етички норми“.

Александар Бајдевски е четвртиот кандидат за лидер на социјалдемократите, кој својата кандидатура ја поднесе денеска во седиштето на партијата. Бајдевски е актуелен заменик-министер за информатичко општество и администрација, а во минатото извршуваше повеќе јавни функции под ингеренции на Владата.

Со тоа, во игра за избор на нов лидер на СДСМ сега се вкупно четворица кандидати – покрај Бајдевски, кандидатури претходно поднесоа и Венко Филипче, Јован Деспотовски и Славјанка Петровска.

Вонредните внатрепартиски избори се закажани за 30 јуни.

Повикот за избор на нов лидер беше објавен откако СДСМ доживеа катастрофален пораз на парламентарните избори на 8 мај, кога освои вкупно 18 пратенички места. На изборната вечер, партискиот лидер во заминување Димитар Ковачевски најави оставка и повика на нови внатрешни избори на сите партиски тела, на централно и на локално ниво.

За в недела е закажан партиски Конгрес на СДСМ, на кој, покрај анализите за причините за изборниот резултат, Централниот одбор најави предлог измени на партискиот Статут, за мандатот на претседателот избран на вонредни избори да биде 4 години.

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ....

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Изјавата на Мицкоски за наводно тероризирање на македонскиот идентитет и народ во изминативе седум години претставува спин т.е. извртување на вистината, бидејќи токму во тој период, со постигнување на Преспанскиот договор,...

Не е точно дека само фашисти нема да присуствуваат на парадата во Москва на 9 Мај

Како што објавува EuVsDisinfo, долги години руските медиуми контролирани од државата тврдeле дека различни држави и ентитети се управувани од нацисти, или, пак, се водат од нацистичката идеологија. Примерите се добро...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична...