Денеска почнува „YES фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“

Главната програма ќе се случува во Младинскиот културен центар од 12 до 15 јуни на неколку локации – надвор на платото, во долното и горното фоаје на кино „Фросина“ и во Детскиот креативен центар (ДКЦ)

фото: YES ФЕСТИВАЛ! Млади европски приказни, млади креативци

Денеска во Скопје почнува книжевниот и творечки фестивал за деца и млади „YES фестивал! Млади европски приказни, млади креативци“ во организација на издавачката куќа „Чудна шума“.

Од таму велат дека посетителите на фестивалот ги очекуваат многубројни и разновидни креативни работилници со домашни уметници и писатели, како и со гости писатели и илустратори од Словенија и Хрватска, промоции на книги за деца и млади на неколку издавачки куќи, изложба на илустрации од неколку македонски илустратори и многу музика.

Придружната програма ќе трае од 6 до 15 јуни и ќе се одвива во книжарницата „Чудна шума“ и во повеќе објекти на ЈУ Градска библиотека „Цветан Димов“ и библиотеката „Страшо Пинџур“.

Главната програма ќе се случува во Младинскиот културен центар од 12 до 15 јуни на неколку локации – надвор на платото, во долното и горното фоаје на кино „Фросина“ и во Детскиот креативен центар (ДКЦ).