четврток, 12 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: МНР | 22 резултати

МНР: Македонските државјани да се воздржат од патувања во Израел и Иран

13 јуни 2025

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска апелираше до сите македонски државјани да се воздржат од било какви патувања кон Израел и Иран и земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба. Заради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, МНР побара сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран […]

Ракетен напад од Русија оштети амбасади на шест земји во Киев, меѓу нив и македонската

20 декември 2024

Руски ракетен напад врз Киев утрово предизвикал значителна штета на амбасадите на Северна Македонија, Албанија, Аргентина, Палестина, Португалија и Црна Гора, изјави портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи Хеорги Тихиј, а пренесе Укринформ. „Денес, гранатирањето оштети неколку амбасади во Киев. Сите овие амбасади се наоѓаат во една зграда, која претрпе значително уништување од ракетниот […]

Потпишан меморандум за реализација на втората фаза на проектот за координација на активностите кои произлегуваат од членството во НАТО

17 септември 2024

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и амбасадорот на Обединетото Кралство, Метју Лосон, денеска потпишаа Меморандум за соработка за реализација на втората фаза на проектот за ефикасна меѓуресорска координација на активностите кои произлегуваат од членството во НАТО. Муцунски рече дека ваквиот чекор претставува уште една потврда на заложбите на двете земји за […]

МНР: Македонските државјани кои се наоѓаат во Либан да ја напуштат земјата

4 август 2024

Сите наши државјани кои се наоѓаат во Либан, да ја напуштат земјата во прва можна прилика поради влошената безбедносна ситуација, повика утрово Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Истовремено, од МНР порачуваат граѓаните да ги одложат патувањата кои не се неопходни кон Израел, поради непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток. „Дополнително, македонските државјани кои […]

МНР сериозно загрижено за резулатите од Пописот во Албанија

29 јуни 2024

Сериозна загриженост за прелиминарните резултати од пописот во Албанија искажа Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија. Според овие резултати, во Албанија живеат речиси 8.000 Бугари, а само 2.300 Македонци. Пред 13 години, на пописот во 2011 година во Албанија биле регистрирани 5.500 Македонци. Според МНР, постојат сериозни технички нерегуларности во начинот на реализација […]

МНР: Избраните функционери да го почитуваат договорот од Преспа

13 мај 2024

Министерството за надворешни работи (MНР) ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на уставните одредби како и сите меѓународно преземени обврски како што е целосното почитување на Договорот за стратешко партнерство меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, познат како Договорот од Преспа. Ова е наведено во соопштението испратено од МНР, во кое […]

Бугарското МНР го повикало македонскиот амбасадор да реагира за „неточни тврдења на политичари“

7 март 2024

Бугарското министерство за надворешни работи (МНР) го повикало на средба македонскиот амбасадор во Софија, како што велат, „во врска со неодамнешните јавни коментари“ на овдешни политичари кои ширеле „неточни тврдења“, но не прецизираат за кого точно станува збор. Оттаму посочуваат дека постојано поддржуваат конструктивен тон и се воздржуваат од коментари. Тоа го прават, како што […]

Ова не е вонредна ситуација од месец-два, Османи со невистина

21 февруари 2024

Бројот на иселени државјани на РСМ што работат во Европа, бројот на издадени пасоши, бројот на пасоши што треба да се издадат, капацитетите на машините што ги печатат, бројот на резервите на обрасци и динамиката со која се очекуваат и ред други нешта покажуваат дека Османи говори желба, а не вистинита проценка за тоа колку […]

Кратенката МКД останува на личните документи, НМК е само за регистарски таблички

15 февруари 2024

Според Договорот од Преспа кодот за земјата на регистарските таблички на возилата ќе биде НМ или НМК. За сите други намени, кодот на земјата останува да биде МК и МКД, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Објави на социјалните мрежи невистинито тврдат дека личните документи кои се издадени со новото […]

МНР на Украина: Меѓународната заедница да го запре геноцидот на украинскиот народ

29 декември 2023

По најновиот руски напад од воздух врз цивилни цели во најголемите градови на Украина, реагираше Министерството за надворешни работи (МНР) на земјата, велејќи дека руските сили „се борат“ против цивили, и побара „меѓународната заедница да ги обедини сите напори за да се запре рускиот геноцид врз украинскиот народ“ „Според прелиминарните информации, непријателот употребил 158 средства […]

Паралелна конференција на ОБСЕ: Русија е брутална кон Украина, улогата на граѓанското општество е исклучително важна

29 ноември 2023

Демократијата опаѓа во земјите каде што нема простор за активизам на граѓанското општество. Сведоци сме на алармантниот број на вооружени конфликти, во последната година сведочиме како Русија е брутална кон Украина и ги руши европските вредности. Таа треба да е отчетна, треба да е одговорна за оваа војна. Русија значително ги зголеми нападите врз граѓанските активисти, […]

Руската делегација ќе може да слета во Скопје, извесно доаѓањето на Захарова

24 ноември 2023

Во пресрет на Министерскиот самит на ОБСЕ што ќе се одржи наредната недела во Скопје, македонската влада на денешната седница одлучи да им пренесе овластување на надлежните министерства сами да одлучат за издавањето на одобрение за прелет и слетување на руски воздухоплов на 30-тиот министерски состанок на ОБСЕ во Скопје од 29 ноември до 1 […]

МНР: Македонија влегува во финалето на претседавањето со ОБСЕ

24 ноември 2023

Северна Македонија влегува во финалето на Претседавањето со ОБСЕ во 2023 година. И лани и сега земјата интензивно се подготвува за претседавањето, период во кој беа вложени големи напори да бидеме на висината на задачата, соопшти Министерството за надворешни работи. „За луѓето се работи, беше мото и поттик за нашата работа во текот на претседавањето […]

Османи: Специјалната поштенска марка „За луѓето се работи“ ќе сведочи за нашето Претседавање со ОБСЕ

18 ноември 2023

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи и директорката на Пошта на Северна Македонија, Бујаре Абази денеска промовираа поштенска марка издадена по повод Претседавањето на Северна Македонија со најголемата регионална безбедносна организација во Европа, ОБСЕ, информираат од Министерството за надворешни работи. На свечената промоција, која се одржа во спортскиот центар „Борис Трајковски“, […]

Министерскиот годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември во Скопје

6 ноември 2023

Министерскиот годишен собир на ОБСЕ од 29 ноември до 1 декември во Скопје ќе биде најголем настан во државата, и по димензии и по суштина, изјави денеска на брифинг со новинарите министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи. На тридневниот собир што ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, каде привршуваат […]

МНР: Тројца македонски државјани ја напуштија Газа

3 ноември 2023

Министерството за надворешни работи информира дека тројца македонски државјани на Република Северна Македонија вчера безбедно ја напуштиле Газа и се упатени кон египетскиот главен град, а за евакуација останува уште еден брачен пар што се наоѓа во Газа. Таткото со две деца кои се македонски државјани вчера безбедно ја напуштиле Газа и во придружба на […]

МНР: Петмина македонски државјани заглавени во Газа, во моментов се на безбедно

24 октомври 2023

Петмина државјани на Република Северна Македонија кои се наоѓаат во Газа, изразиле интерес да се вратат во земјава, информираше денеска Министерството за надворешни работи (МНР). „Покрај брачниот пар, за кој од порано имавме информации дека се наоѓаат во Газа, во меѓувреме нашата амбасада во Каиро е контактирана од семејство – татко и две деца, сите […]

МНР: Да не се патува во Либан, а граѓаните кои се таму, да ја напуштат земјата

17 октомври 2023

Министерството за надворешни работи (МНР) упати повик кон сите државјани на Република Северна Македонија да се воздржат од непотребни патувања во Либан, поради сложената безбедносна состојба во регионот. Истовремено, МНР порачува дека сѐ уште се активни комерцијалните летови кон и од Либан, и соодветно, препорачува на сите граѓани кои во моментот се наоѓаат на територијата […]

Страна 1 од 1